Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите

Странците се повеќе нарачуваат Еден бисер. Овој автентичен коктел кој неодамна беше промовиран полека ама сигурно станува дел од гастрономската понуда во градов. Засега коктелот Еден бисер се приготвува само во десетина угостителски објекти во Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите. Овој коктел кој пред нова година беше промовиран како автентичен охридски туристички производ си го најде патот до потрошувачите. Неговиот специфичен вкус на вотка со шмек на ванила и сируп од тропското овошје маракуја, неговата тиркизно сина боја и лажицата со оргинален охридски бисер  која после останува за тој што го конзумирал пијалокот, се доволна причина тој се почесто да се нарачува од гостите.

Самите охриѓани зимскиот период многу го бараа овој коктел . Изненадувачки е што последниов месец групи на странски туристи  преку нивните водичи  ни се јавуваат и бараат да им биде приготвен овој коктел. Оваа сезона е прва одкога овој коктел е промовиран и стана дел од понудата во некои угостителски објекти во градов. Очекуваме голем интерес бидејќи многу асоцира на лето и на плажа и ги привлекува гостите, вели Ерхан Сулејманов од ланч бар Објектив, еден од членките на кластерот.

Коктелот Еден бисер засега послужуван само во угостителските објекти кои се членки на кластерот за туризам Еден. Објектите коиго послужуваат коктелот добија и бесплатни лажици со оргинален охридски бисер изработен од семејството Филеви и сертификат за неговата оргиналност, напоменува Ерхан Сулејманов од ланч бар Објектив, еден од членките на кластерот.

На почетокот беше потешко да се прати побарувачката на коктелот бидејќи не располагавме со доволен број лажици со бисерче бидејќи нивната изработка оди побавно бидејќи се прави рачно. НО сега набавивме повеќе парчиња и подготвени сме за сезоната која не очекува. Нема да се случи да понудиме коктел а да нема вакво уникатно лажиче по кој е препознатлив, вели Сулејманов.

Објектите каде се служи коктелот исто така добија и етикети кои ги означуваат угостителските објекти каде што се приготвува. Сулејманов додава дека тенденција на кластерот за туризам е што повеќе објекти да ја збогатат својата понуда со овој пијалок. Сулејманов објаснува дека угостителските објекти кои сакаат да го имаат овој коктел во својата понуда ќе склучуваат договор со кластерот, со кој пијалокот ќе се послужува по цена од 240 денари. Засега коктелот Еден бисер се приготвува во десетина угостителски објекти во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top