Post Views: 1
Промена на обвинителниот акт за убиецот на младиот Димитар Матилоски, кој беше смртно претепан на новогодишната ноќ, бара неговото семејство. Тие сметаат дека им се прави голема неправда со тоа што охридското основно јавно обвинителство пред само неколку дена поднесе обвинителен акт против српскиот државјанин кој се товари за убиството во кој тој е обвинет само за убиство наместо за свирепо убиство. Сестрата на убиениот Димитар, Цветанка Матилоска-Пешиќ, вели дека тие се незадоволни од судско-медицинското вештачење кое било направено во Битола, а кое според нив содржело...
Post Views: 10
Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Во тек е набавката на полесен пловен објект од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. Планирано е да има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото, но и останатите водени површини во државава.
Со ова ќе ја подобриме покриеноста на езерото и ќе го зголемиме нашето присуство овде, но и на останатите природни и вештачки езера во државава. За наредната година планирано е да се набави уште еден пловен објект од овој тип и тогаш ќе сме...
Post Views: 5
На светските берзи доларот падна и минатата недела во однос на еврото, а тоа е трета недела по ред, а причината за тоа е успорувањето на растот на американската економија и поизвесното одлагање на федералната банка дека ќе ја одложи одлуката за зголемување на каматите.
Курсот на еврото зајакна минатата недела во однос на доларот за 0.7%, на 1,0970 долари, а во петокот во еден момент се проби над границата од 1,1 долар. Американската валута падна и во однос на јапонскиот јен, за 0,1%, па цената падна на 118,95 јени. Еврото пак во однос на јенот се зголеми за 0,6%, на...
Post Views: 4
Галеријата на икони останува во комплексот Св. Богородица Перивлепта. Плановите да се дислоцира на Плаошник нема да се реализираат откако комисијата на УНЕСКО ја стопира градбата на уште по еден кат на објектите кои таму се градат. Од НУ Завод и музеј велат дека од наредната година ќе се инвестира во обновувањето на објектот каде сега се наоѓа галеријата бидејќи планирано е таму да се сместат нови експонати не само од охридскиот регион туку и пошироко. Зачудува податокот што овој музејски простор сега многу малку е посетен од туристите иако во него се кријат икони со...
Post Views: 124
Ова е дворот на Томе Матовски, еден од трите најубаво украсени дворови во Охрид, кои женскиот центар „Бисера“ традиционално секоја година ги избира по повод светскиот ден на екологијата, 5ти јуни. Годинава нема први, втори и трети места. Од женскиот центар „Бисера“ велат дека изборот е толку тесен што неблагодарно е тие да се рангираат. Дворот на Матовски е здружен труд на целото негово семејство. Тој вели дека потребна е посветеност, но и мерак да се уреди дворот по сопствен вкус.
„Време секогаш има, ако сакаш да ти е убаво на душата кога седиш во дворот и едноставно...
Post Views: 4
Управниот суд уважи дел од тужбите на владејачката партија. Откако ДИК ги офрли приговорите, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 8 тужби за Струга и 34 за општина Центар.
Вчера вечер и СДСМ поднесе 60 тужби. Тие ги оспоруваат одлуките на ДИК за Скопје, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Велес, Битола, Богданци, Кочани и Јегуновце.
Досега судот како неосновани отфрли 4 тужби од ДУИ за Студеничани и 30 од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово.
Во меѓувреме претседателот на Управниот суд, Исамедин Лимани поднесе оставка поради како што дознаваме уважените тужби за Струга.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Превенција на појавата на мозочен удар и неговите последици како најдобар начин на справување со оваа состојба. Третманот на пациентите кои доживеале мозочен удар кај нас сеуште не е оптимизиран, смета д-р Маја Божиновска-Смическа од Здружението „Мозочен удар“. Токму затоа, според неа е исклучително важно да се посвети многу внимание на превенирањето на појавата на мозочен удар. Тие денес организираа превентивни прегледи за сите охриѓани, правеа ЕКГ, мереа крвен притисок и шеќер во крвта на сите заинтересирани кои сакаа да дознаат нешто повеќе за нивните предиспозиции...
Post Views: 9
Хуманитарна помош за потребите на Дукадинка Рајчиноска. Дука е 15 годишно девојче кое живее во струшката приградска населба Мислешево. Таа покрај тоа што се соочува со пречки во телесниот развој, три пати во неделата оди и на дијализа поради отежната работа на бубрезите. Луѓето велат се кине каде што е најтанко па така и кај малата Дука здравствените проблеми не се единствените причини за нејзината мака. Нејзиното семејство е во тешка материјална состојба. Поради тоа НВО „Езерка“ од Струга, години наназад не ги заборава, редовно ги посетува и ги помага со хуманитарна...
Post Views: 0
Дел од охридските плажи се подготвени за туристичката сезона. Плажата Акапулко, традиционално меѓу првите се отвора за туристите и викендов може да ги прими првите гости, најави концесионерот Љупчо Нечкоски. Според него без разлика на посетеноста, на бројот на гости, на временските услови, плажата се подготвува во текот на месец мај за да може на почетокот на јуни да отпочне со работа.
„Плажите се оштетени од самата вода и природа и потребна е голема физичка работа, посебно плажите кои се како нашата во комбинација со зеленило…сето тоа треба да се одржува максимално,...
Post Views: 0
Пазарниот инспекторат од Струга најавува засилени контроли во однос на спроведувањето на препораките за заштита од корона вирусот. Во изминативе два месеци направени се 3000 контроли, а изречени се 59 прекршочни мерки од кои ниедна не се однесува на непочитување на ковид протоколите.
Во угостителските и хотелските објекти олабавени се мерките, дозволени се и свадби, прослави и веселби. Угостителите велат бараат сертификати, но немаат надлежност, ниту можат да утврдат, кои од нив се фалсификувани и дали припаѓаат лично на лицата кои ги посетуваат локалите, бидејќи не...
Post Views: 7
Централната градинка при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе стане енергетски ефикасна. Во моментов тече тендерската постапка со која треба да се избере најповолен понудувач кој ќе го реконструира покривот, фасадата, дограмата, како и санитарните јазли од стариот дел на градинката, открива Розе Костеска, директорката на установата. Костеска сеуште не можеше со точност да прецизира, кој термин од летниот период ќе се изведуваат овие зафати, како и тоа во кој објект ќе бидат сместени дечињата за време на реновирањето, бидејќи тоа зависело од неколку аспекти.
„Заради безбедност на...
Post Views: 1
Се поголем број на граѓани и туристи вртат на повикувачкиот број на охридската Итна брза помош. Во пораст е и посетеноста на амбулантата па лекарите од оваа служба имаат полни раце работа како и секое лето, информира д-р Љупка Николоска, раководителка на ИМП.
Д-р Николоска напоменува дека е зголемен бројот на пациенти кои доаѓаат со стомачен вирус и кои бараат помош за лекување.
Има зголемена фебрилна состојба, но не знаеме од што е предизвикана додека не се направат испитувања дали се должи на летниот вирус или на друга патологија. Мора да интервенираме насекаде каде...