Засилени контроли на Пазарниот инспекторат од Струга

Струшките пазарни инспектори со засилени контроли за почитувањето на ковид протоколите. Изминативе два месеци извршени се 3000 контроли, поднесени се 59 мерки од кои ниедна не е по законот за заштита од заразни болести.

 |   | 

Пазарниот инспекторат од Струга најавува засилени контроли во однос на спроведувањето на препораките за заштита од корона вирусот. Во изминативе два месеци направени се 3000 контроли, а изречени се 59 прекршочни мерки од кои ниедна не се однесува на непочитување на ковид протоколите.

Во угостителските и хотелските објекти олабавени се мерките, дозволени се и свадби, прослави и веселби. Угостителите велат бараат сертификати, но немаат надлежност, ниту можат да утврдат, кои од нив се фалсификувани и дали припаѓаат лично на лицата кои ги посетуваат локалите, бидејќи не смеат да им бараат лични карти. Документи за идентификција не смее да бара ниту пазарниот инспектор, тоа право го има само полицијата.

Од 27 октомври има измени по одлуките, се дозволуваат свадбите и мислам дека сега ќе имаме повеќе засилени контроли од тој аспект. Изминативе два месеци имаме извршено вкупно осум контроли со МВР, така што овој период ќе бидеме повеќе присутни на терен – истакна Шпенди Илјази, раководител на Пазарен инспекторат Струга.

Најголем дел од казните во струшко се однесуваат на непочитување на Законот за заштита од пушење и законот за трговија. Граѓаните често поднесуваат преставки до пазарните инспектори за неисправна техничка роба и производи.

Најчесто имаме по закон за потрошувачи за расипан телефон под гаранција, расипана машина за перење и по тие преставки се постапува со рок преземаме мерки. Во трговија имаше неистакнати цени, нерегистрирани трговци, во угостителство имаше за заштита од пушење – вели Илјази.

За непочитување на протоколите за заштита од корона вирусот по законот за заштита од заразни болести казните изнесуваат и до 7 000 евра и решене за забрана за работа.

Минатата година пазарните инспектори во струшко поднесоа 36 кривични пријави за угостители, кои не ги почитуваа протоколите.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top