Post Views: 1
Градинката Јасна Ристеска има потреба од вработување на дефектолог. На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика во тек се активности за вработување на ваков стручен кадар во градинките, информира директорката Розa Костоска. Како што таа посочува, вработувањето на ваков кадар е повеќе од потребен, затоа што се поголем е бројот на деца кои имаат пречки во развојот и со кои треба да се работи од најмала возраст.
„Ние одговоривме потврдно на прашањето од надлежното министерство дали има згрижени деца во градинката кои имаат одредени проблеми и потреби....
Post Views: 10
Врвната сопранистка од Албанија со светска кариера Инва Мула и пијанистот Генц Тукиќи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржат концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Инва Мула важи за една од најзначајните сопрани на денешницата. Родена во Тирана, започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а пеење на 16 години, најпрво со нејзината мајка, а потоа и на Универзитетот за уметности во Тирана на кој и дипломира. Првата улога на сцената и е Виолета во операта „Травијата” која и ѝ ги отвора вратите на операта во Тирана каде настапува во текот...
Post Views: 14
370 студенти ќе можат да се запишат оваа година на факултетот за Туризам и угостителство во Охрид. Од нив 215 ќе се редовни во државна квота, 80 ќе се со кофинансирање и 75 ќе се вонредни студенти. На насоката туризам за четиригодишни универзитетски студии има 70 слободни места, на осигурување 60, на царина и шпедиција 20, а на насоката менаџмент во услужен сектор ќе може да се запишат 50 студенти. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40 студенти. На Дисперзираните...
Post Views: 1
91 годишниот метереолог Данило Иваноски од Охрид и по пензионирањето е поветен на својатата професија. Веќе шест децении се бави со метереологијата.
По 3,5 децении поминати на своето работно време продолжува неуморно по пензионирањето, хонорано да работи, ги мери нивото и температурата на езерските води и во следните 3 децении. Годините не му тежат туку одговорно секојднево два пати во денот доаѓа од неговиот дом кај Горна Порта до градското пристаниште. Секојдневно поднесува извештај до Управата за хидрометереолошки работи во Скопје.
„Од 1984 година 2 пати слегувам...
Post Views: 4
Во палатата на правдата во Милано, денес претпладне, околу 11 часот, дошло до пукотници во кои се убиени две лица, а има и ранети. Помеѓу убиените е и судијата, јавува RT.Полицијата е во лов по убиецот кој утрово упаднал во судот, го активирал противпожарниот аларм и потоа почнал да пука од огнено оружје. Сомнежите се дека напаѓачот е обвинет во случај со банкрот за кој е одржано рочиште еден ден претходно. Палатата на правдата е евакуирана а напаѓачот е идентификуван како Claudio Giardelo и медиумите шпекулираат дека тој сеуште се наоѓа во зградата.
{loadposition c...
Post Views: 1
Мигрантската криза како и политичката криза во која повеќе од една година се наоѓа земјава, ќе влијаат врз реализацијата на туристичките аранжмани, особено во инкаминг туризмот. Иако овие кризини состојби досега не влијаеа на реализацијата на туристичките движења, тоа што се случува моментално, растот кај агенциите кои се занимаваат со инкаминг туризам го очекуваа, несомнено ќе изостане. Се очекува тој да биде помал од дури се стравува од намалување на реализираните аранжмани за 25-30%. Засега по се изгледа ќе трпи само инкаминг туризмот, ќе ги задржиме сигурно бројките...
Post Views: 0
Православните христијани во недела го слават еден од 12-те најголеми христијански празници, празникот Духовден . Наречен уште и Педесетница ова е еден од најрадосните и најсветли празници во православието во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение.Овој празник има големо значење за самта црква Христова и за секој еден христијанин бидејќи единственото спасение е во црквата којашто претставува еден брод кој треба да не изведе на правиот пат, вели Протојереј Никола Христовски – Секретар на Дебарско-Кичевска Епархија.
„Овој...
Post Views: 11
Трагедија во рудникот за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица. Според првичните информации што ги добивме од полицијата, утрово во една од рудничките јами починал 27 годишниот Даниел В. родум од виничко.
Неофицијално, во критичниот момент Даниел возел локомотива. Во еден момент од спротивниот правец наишла друга локомотива која го удрила рударот во градниот кош и го усмртила на лице место.
Увидот што во моментов се врши на местото на трагедијата ќе даде официјална информација за причините за трагедијата. По неговото завршување, надлежните истражни органи најавија...
Post Views: 2
Свикана педесет и петатта седница на Советот на општина Охрид на ден 22.06.2016 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
Дневниот ред на ова издание на седницата на Советот ќе биде обременет само сое дна точка и тоа советниците ќе треба да гласаат за Предлог Одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 25.04.2016 година.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
Post Views: 7
Етичкото известување наместо привилегија за жал станува се поголем проблем. Во многу новинарски прилози јасно се забележува повреда и злоупотреба на личните податоци, но граѓаните се плашат да реагираат па не ги пријавуваат ваквите злоупотреби, а верувале или не, во нашето законодавство закон за заштита на личните податоци постои од 2005 година. Но прашањето кое се наметнува е колку медиумите и медиумските работници воопшто се запознаени со овој закон и со областите на неговото делување.
„Сите одредби на законот за заштита на личните податоци не се применуваат кога...
Post Views: 6
Почина познатиот охридски професор и тренер, доајенот на маратонското пливање, пливачката балканска легенда.
Леко Радич ги прославил Охрид и Македонија низ светот и со златни букви го испишал името на Охридскиот маратон во регистарот на светското маратонско пливање. Погребот на Радич ќе се изврши утре 18-ти јуни, на градските гробишта во Охрид.
Post Views: 11
На 30-ти јули 2021 година, околу 22:00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во близина на поранешната касарна во Охрид, лишиле од слобода четири лица, поради постоење основи на сомнение за сторешно кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, кај 27-годишниот Н.К. од Пехчево била пронајдена и одземена марихуана, една ќеса со розева и една ќеса со бела прашкаста материја. Кај 19-годишниот П.М. од Битола...