Четворица дилери на дрога приведени во Охрид

На 30-ти јули 2021 година, околу 22:00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во близина на поранешната касарна во Охрид, лишиле од слобода четири лица, поради постоење основи на сомнение за сторешно кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

 |   | 

Имено, кај 27-годишниот Н.К. од Пехчево била пронајдена и одземена марихуана, една ќеса со розева и една ќеса со бела прашкаста материја. Кај 19-годишниот П.М. од Битола е пронајдено пакување со кокаин, кај 18-годишниот А.М. од Скопје била пронајдена марихуана, а кај Ј.Ш.(21), покрај марихуана, било пронајдено и одземено пакување со портокалова материја. Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top