Задушницата и Духовден, два различни празници

Православните христијани во недела го слават еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството, Духовден.

 |   | 

Православните христијани во недела го слават еден од 12-те најголеми христијански празници, празникот Духовден . Наречен уште и Педесетница ова е еден од најрадосните и најсветли празници во православието во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение.Овој празник има големо значење за самта црква Христова и за секој еден христијанин бидејќи единственото спасение е во црквата којашто претставува еден брод кој треба да не изведе на правиот пат, вели Протојереј Никола Христовски – Секретар на Дебарско-Кичевска Епархија.

„Овој празник, всушност означува роденден на црквата бидејќи со слегувањето на Светиот Дух, се основа црквата, апостолите се собираат, како и сите оние кои поверувале и биле крстени од нива страна, се собираат во едно тело чијашто глава е самиот Господ Исус Христос“, потенцира Христовски.

Ден пред Духовден пак, е една од двете големи задушници. Имено Во саботата, на Задушница се раздаваат даровите. На гробишта се носи храна и купените предмети кои се раздаваат на блиски. Нашиот народ ги помешал овие два празници, па така голем дел од нив ги поврзуваат Духовден со „духови’’, па така мислат дека духовите на умрените стануваат од гробовите на овој ден и шетаат низ гробиштата. Протојереј Никола Христовски, секретар на Дебарско-Кичевската Епархија, појаснува дека Задушницата со празникот Духовден немаат никаква врска освен тоа што се поврзани календарски. Суштински, православно, задушницата е сосема нешто различно од празникот Духовден. Духовден е празник на светиот дух , а не на духовите или нешто слично.

„Кога зборуваме за Духовденска задушница имаме многу испрепрлетувања меѓу празникот Духовден и Задушницата кои навистина мора да ги одделиме. Духовден е празник на црквата, роденден на црквата и во ни една смисла нема допирна точка со починатите. Токму затоа јас би апелирал дека местото на починатите треба да биде, како што и саботите се определени за починатите да биде, во сабота на денот на задушница а не во недела на Духовден“,апелира Христовски.

На самиот ден на Духовден откако ќе се отслужи светата литургија според типихот на православната црква вечерта се служи вечерна богослужба на која се читаат три поголеми молитви. Една од тие молитви е посветена на починатите. Духовден е државен празник во Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top