Мигрантската и политичката криза ќе влијаат на инкаминг туризмот

Туристичките агенции кои се занимаваат со инкаминг туризам стравуваат дека мигрантската криза и  политичката криза во која се наоѓа земјава, ќе влијаат врз реализацијата на туристичките аранжмани.

 |   | 

Мигрантската криза како и политичката криза во која повеќе од една година се наоѓа земјава, ќе влијаат врз реализацијата на туристичките аранжмани, особено во инкаминг туризмот. Иако овие кризини состојби досега не влијаеа на реализацијата на туристичките движења, тоа што се случува моментално, растот кај агенциите кои се занимаваат со инкаминг туризам го очекуваа, несомнено ќе изостане. Се очекува тој да биде помал од дури се стравува од намалување на реализираните аранжмани за 25-30%. Засега по се изгледа ќе трпи само инкаминг туризмот, ќе ги задржиме сигурно бројките од минатата година, но растот кој беше очекуван нема да се постигне, вели Влатко Шулев – генерален менаџер за Западен Балкан на агенцијата „Go Balkans Travel“.

„Првото што не затече е мигрантската криза, знаете тоа се одрази, јас конкретно го работам италијанскиот и францускиот пазар, сега засега италијанскиот пазар имаме една до две групи откажано, а францускиот пазар оди потешко, две групи се откажани и се надевам дека ќе застанеме тука“, вели Шулев.

Туристичките работници се надеваат дека протесттие кои се случуваат во земјава нема да ескалираат, ќе останат мирни, бидејќи многу веројатно е странските медиуми да ја обележат Македонија како небезбедна дестинација, што ќе нанесе дополнителна штета.

„Ние работиме интензивно последните десет години на промоција на Македонија како дестинација, и сега кога резултатите треба да почнат да доаѓаат ни се случуваат некои работи, како Куманово минатата година, оваа година мигрантската криза, па сега се случуваат протестите. Туризмот како бизнис е многу осетлив на овие работи“, посочува Шулев.

Податоците пак од Државниот завод за статистика за туристичките движења, се пооптимистички. Имено според оваа институција во февруари 2016 година, туристичките центри и Скопје ги посетиле 32.467 туристи кои оствариле 72.385 ноќевања. Бројот на туристите во февруари 2016, споредено со истиот месец во 2015 година има зголемување од 9%, а кај ноќевањата има зголемување од 16%.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top