Post Views: 9
Во функција е ставен дежурен телефонски број на кој граѓаните може да пријавуваат проблеми со депонирањето отпад.
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон :
075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.
Post Views: 3
Најдобрите ученици спортисти од земјава како награда за постигнати резултати учествуваат на Училишниот спортски камп во Охрид. Во првата смена на кампот ќе бидат кошаркарите, каратистите , пингпонгарите и ателтичарите. Кампот е во организација на Агенцијата за млади и спорти и македонската Федерација на училишни спортови. На овој камп учествува и најмалиот спортист Јана Спасеноска од Кичево. Таа 3 години тренира карате и искрено детски одговара за љубовта кон овој спорт.
„ Да го сакам каратето и за мене е прекрасен спорт“, искрено вели малата каратистка.
Почетокот...
Post Views: 1
Во периодот од 02:30 до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Единицата за брзо распоредување, по добиена судска наредба, ноќеска извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории на булевар „Туристичка“ во Охрид.
На стојалиштето од катот била пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. По расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 19
Охридската маала Кошишта ќе биде поврзана со реконструирана патека со населбата Канео. Жителите и туристите од Кошишта и Воска досега до капалиштата во локалитетите Лабино и Канео одеа по тревната патека широка едвај 30тина см. Сега се работи на изградба на современо уредена патека.
„ Патеката ќе биде проширена и поплочена. Еден нејзин дел до Калето ќе е изработена со камени плочки , а дел со бекатонки од Лабино до Канео“, најавуваат од Локалната самоуправа.
Должината на реконструираната патека која ќе води од Кошишта до Канео ќе биде во должина од 1315 метри.
Покрај...
Post Views: 17
Со концертот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески – Четкар, во 19 часот во предворјето на црквата Св. Софија, во рамките на манифестацијата „Бело лето“, на 1-ви јули официјално започнува летната туристичка сезона. Со неговиот секстет кој како милува Четкар да го нарече, е Македонија во мало, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во она што тој им го подготви за оваа вечер.
„Ќе свирам авторска програма околу 75-80 минути од првиот и вотриот студиски албум а ке отсвирам и некои нови матерјали досега неотсвирени, сакав тука да ги промовирам“ вели...
Post Views: 5
Можеме само да замислиме какви податоци се наоѓаат во компјутерите на полицијата – информации за криминалци,луѓе кои се под истрага, планови за идни акции и слично, и можеме да претпоствиме дека тие компјутери се заштитени со најдобрите антивирусни програми и дека корисниците внимаваат какви страници посетуваат од тие уреди. Сепак, последните месеци сѐ повеќе читаме како полициските станици имаат проблеми со хакерите кои вметнуваат malware и кој ги заклучува нивните компјутери и ги блокира сите податоци на нив. За пристап до овие податоци хакерите наплатуваат откупнина...
Post Views: 2
Промовиран третиот отворен јавен повик на Фондот за иноваци за Кофинансирање на старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации во Охрид. Младите претприемачи и пронаоѓачите денес имаа можност да се запознаат со општите правила и процедури за аплицирање, а добија и подетални насоки за пополнување на апликацијата. Микро, мали и средни претпријатија од сите стопански гранки се подобни да аплицираат за средства под овој инструмент, а повикот е отворен до 1-ви август. Досега на претходните два јавни пивици, најголем интерес покажале фирми од IT секторот, но финансирани се...
Post Views: 8
Поради обеми градежни активности, од денес децата кои се згрижени во објектот на Централна градинка ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид, ќе бидат префрлени во објектот „Лихнида“ на улица „Билјанини извори“ бб. кај Расадник.
Родителите на децата кои ја посетуваат оваа градинка, во повеќе наврати реагираа преку медиумите дека покривот на објектот на централната градинка е во лоша состојба и протекува. Од денес започнува реконструкцијата на покривот, како и топлотната излолација на прозорците и вратите. Како што информираат од градинката, објектот ќе биде уреден по системот за...
Post Views: 1
Според Законот за продажба на алкололни пијалоци на Република Македонија, од 1. мај до 30. септември граѓаните можат да купат алкохол до 21 часот. И понатаму оставнува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетни лица.
За угостителските објекти кои ќе го прекршат законот и ќе продаваат алкохол и по 21 часот, ќе следуваат казнени мерки.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Со многу емоции и денес се сеќаваат на времињата кога авторитетот на професорот најмногу значел, времиња во кои и без нагледни средсва, без учебници жедта за наука успеала да победи.
Тие се и првите матуранти кои образованието го започнале и завршиле на македонски јазик. Од оваа генерација излегле, голем број доктори, правници, просветни работници, а голем број од нив својата кариера ја реализирале и во странство. Мира Кепеска, денес веќе професорка во пензија, се сеќава на времињата кога авторитетот на професорот најмногу значел, времиња во кои и без нагледни средсва,...
Post Views: 5
Струга во најскоро време мора да направи центар за спортови на вода. Во моментов пливањето е поделено на два периоди, летен во кој се работи со полна пареа и зимски во кој се стагнира. Како што веќе добро и е познато на струшката јавност пливањето во зимскиот период стагнира поради условите во затворениот пливачки базен кои во моментов се повеќе од катастрофални. Добро упатените во оваа проблематика велат дека жално е што услови и локација за таков објект постојат, но недостасува интерес на надлежните. Со ова се согласни и професионалните тренери кои во моментов стојат...
Post Views: 6
Скопјанката Ирена и нејзиниот сопруг Стивен Пауерс од САД одлучија црковниот брак да го склучат во една од најубавите охридски цркви Св Јован Канео. Младоженците одлучиле венчавката да биде во ова црква веднаш штом Стивен од Вашингтон за прв пат дошол на ова место. На нивните лица денес блескаше среќа што влегувањето во заеднички животот и заветот за верност го дадоа пред Бога токму во СВ Јован Канео. Ни откриа како одлучиле да се венчаат тука.
„Охрид одсекогаш ми бил најубаво место во Македонија .Лани го донесов Стивен за прв пат во Македонија се заљуби и реши мора...