• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп во Охрид

Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп во Охрид

 Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп  во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
јана

Најдобрите ученици спортисти од земјава како награда за постигнати резултати учествуваат на Училишниот спортски камп во Охрид. Во првата смена на кампот ќе бидат  кошаркарите, каратистите ,  пингпонгарите и ателтичарите. Кампот е во организација на Агенцијата за млади и спорти и македонската  Федерација на училишни спортови. На овој камп учествува и  најмалиот спортист Јана Спасеноска  од Кичево. Таа 3 години тренира карате и искрено детски одговара за љубовта кон овој спорт.

jana„ Да го сакам каратето и за мене е прекрасен спорт“, искрено вели малата каратистка.

Почетокот на кампот го означи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. Спасески кажа дека по 7 ми пат го организираат кампот со што даваат поддршка на развојот на училишните спортови со цел децата  што помасовно да се бават со спорт надвор од училишните клупи. Тој е задоволен од податокот дека над 35.000 ученици се вклучени во училишни спортски федерации.

“Сите победници на државни натпревари во училишните спотови ги наградуваме со посета на овој камп. Радува фактот што од година во година е се помасовен и на спортистите им помага да се стекнат со дополнителни знаења и вештини, “напомена Спасески.

sport

Во изминативе години агенцијата и владата даваат и финансиска поддршка за најуспешните спортисти. Агенцијата годишно  стипендира  500 најуспешни спортисти до 20 години.

На 300 ученици на годинешниов камп поддршка ќе им бидат најуспешните македонски спортисти и тренери како што се имињата на Марин Докузоски, Мартин Нестороски, Огнен Стојаноски, Јошко Миленкоски, Пепи Манасков, Зоран Бошкоски Чоко и други. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top