• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Манифестацијата „Бело лето 2016“ ќе го означи официјалниот старт на летната туристичка сезона

Манифестацијата „Бело лето 2016“ ќе го означи официјалниот старт на летната туристичка сезона

Белата ноќ на 1ви јули започнува со централниот настан, концертот на „Владимир четкар секстет“, во предворјето на црквата Света Софија.

 |   | 

Со концертот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески – Четкар, во 19 часот во предворјето на црквата Св. Софија, во рамките на манифестацијата „Бело лето“, на 1-ви јули официјално започнува летната туристичка сезона. Со неговиот секстет кој како милува Четкар да го нарече, е Македонија во мало, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во она што тој им го подготви за оваа вечер.

„Ќе свирам авторска програма околу 75-80 минути од првиот и вотриот студиски албум а ке отсвирам и некои нови матерјали досега неотсвирени, сакав тука да ги промовирам“ вели Владимир Василески – Четкар.

Забавата на бело лето продолжува после концертот на Четкар со перкусионистичката група „Каранос“ од Воден Грција, кои ќе продефилираат низ улиците и плоштадите во стариот дел на градот, за кои организаторите ветуваат дека ќе бидат придружувани од жонглери и се вистинска аудиовизуелна гозба. Забавата по официјалниот дел од програмата ќе продолжи во угостителските објекти.

„Паралелно со нив, цело време ќе бидат во придружба со порфесионална жонглерска екипа, кои покрај традиционалните настапи за прв пат во Охрид ќе имаме можност да видиме жонглирање со т.н. Лед пои технологија, која е е еден вид визуелен холограм и се надевам ќе биде интересен момент на оваа манифестација. Исто како и претходните години такаа и оваа година со одлука на Советот на Општината, 1-ви јули е означен како празничен ден односно сите угостителски објекти ќе имаат неограничено работно време со што се надевам дека забавата по завршувањето на официјалната програма на фестивалот ќе продолжи во охридските угостителски објекти“ објаснува Ѓоко Апостолов – ТЛЕР.

Исто така за забавата ќе се огрижат и охридските диџеи Nikola Toni и Nikola from Ohrid, кои заедно со каранос ќе настапаат се до полноќ. Што се однесува до цените на услугите во угостителските објекти, дали ќе има или нема да има попусти, Апостолов информира дека оваа година самите угостители се оставени да одлучат за тоа бидејќи минатата година одзивот од страна на угостителите бил доста слаб.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top