Кој го турка пливањето во пропаст?

Пливањето во Струга, важи за сезонски спорт. Наместо расадникот на пливачки таленти да се негува и надоградува, истиот се занемарува.

 |  Билјана Николоска  | 
plivanje-базен
пливање-базен

Струга во најскоро време мора да направи центар за спортови на вода. Во моментов пливањето е поделено на два периоди, летен во кој се работи со полна пареа и зимски во кој се стагнира. Како што веќе добро и е познато на струшката јавност пливањето во зимскиот период стагнира поради условите во затворениот пливачки базен кои во моментов се повеќе од катастрофални. Добро упатените во оваа проблематика велат дека жално е што услови и локација за таков објект постојат, но недостасува интерес на надлежните. Со ова се согласни и професионалните тренери кои во моментов стојат на кормилото на ПК „Струга“, Струга. Според професорот по физичка култура Ацо Ѓуроски, затворениот пливачки базен една деценија и повеќе наместо да се одржува, истиот е претворен во руина препуштена на забот на времето или како што стружани го нарекуваат наркоманско дувло. Тој додава дека доколку се сака може да се надмине проблемот.

prof po plivanjeМинатата година струшкото пливалиште стана актуелно и поради немилиот настан кога граѓани на Струга загинаа од струен удар поради несоодветно поставена електрична инсталација. Ѓуроски вели дека и тие биле длабоко потресени од настанот бидејќи точно од тоа место на плажата „Галеб“, влегувале 80 пливачи од најмладата генерација. Тој додава дека во моментов ги имаат сите потребни документи кои укажуваат дека теренот за пливање е високо безбеден.

Дека не цветаат рози во пливачкиот спорт во Струга зборува и државниот првак во триатлон, Никола Кутаноски. Тој од мали нозе е во езерските води, а единствена причина што се занимава со овој спорт е љубовта кон пливањето. Кутаноски вели жалосно е што во Струга не се стимулираат талентите како него.

И покрај бројните проблеми со пливачкиот спорт во Струга, кои се повеќе се таложат, сепак група ентузијасти не се предаваат. Годинава во летната школа за пливање, ПК Струга, работи со 250 пливачи, распоредени во четири групи за кои се ангажирани 3 професионални тренери. Мора да се напомене дека клубот ги сноси сите трошоци на свој грб и од сопствени средства се финансира за учество на бројните натпревари. Во школата за пливање има деца од целиот струшки регион  како и од Охрид и секоја група има 15 деца распоредени според возрасната категорија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top