Post Views: 10
Во среда и четврток во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот ќе се прикажува филмот „Сигурност“.
Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.
Карти по цена од 100 денари може да се најдат на билетарата...
Post Views: 5
Ифтарот или вечерата за време на рамазанските пости синоќа ги зближи охриѓини од различни националности во градот. На плоштадот кај Чинарот на отворено ИВЗ и Локалната самоуправа организираа заедничка вечера. По залезот на сонцето и ударите на тапанот кој го означија почетокот на Ифтарот, граѓаните турци, албанци, египѓани и македонци не го криеја задоволството од заедничката вечера.
„ Со ова се потрдува дека заедничкиот живот е напредок за нашата држава, Ова е сплотенсот изаеднички живеење нем аподлеби ова е братсво и единство беа дел од коментарирте на присутните...
Post Views: 4
Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градските гробишта хортикултурно се уредуваат и се чистат.
По барање на граѓаните за поставување на дополнителни чешми, градежната оператива на јавното претпријатие врши поставување на нови чешми во Градските гробишта.
Post Views: 0
Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица.
Потребите на старите лица се во фокусот...
Post Views: 14
Оние кои ги уништиле плочите на познати музичари не ни помислувале дека тие денес за нив би можеле да добијат добра сума на пари, а истото би можело да се случи и со VHS лентите.
Со тек на времето, VHS лентите почнаа да исчезнуваат од просечните домаќинства, а беа затворени и голем број на видеотеки. Исто така, лентите веќе подолго време не се во центарот на вниманието и веќе предизвикуваат носталгија.
David Jinks порачал сите да ја научат лекцијата потсетувајќи се на плочите бидејќи беа отфрлени и несакани, а подоцна почнаа да добиваат значителна вредност, и притоа...
Post Views: 95
Со хуманитарна забава вчера во Кадмо бар, Лајнс Клуб Охрид го одбележа својот девети јубилеј, заедно со членови на другите лајнс клубови од Охрид, гости од сродните клубови, многубројни пријатели на клубот и хумани граѓани на Охрид. Со оваа прослава се заокружи уште една успешна и плодна година во која членовите на клубот водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности, како и афирмација на суштината на лајонизмот, се ангажираа во организација на многубројни настани и активности. Се потрудивме да ја оправдаме одговорноста која како претставници...
Post Views: 8
На северниот влез од градот нема поставена патоказна сообраќајна сигнализација. Ова се слулчува на самиот старт на туристичката сезона кога во градот се очекува прилив на голем број туристи. Оние кои за прв пат доаѓаат во туристичкиот град со сопствено возило, се оставени без основните сообраќајни информации , на пример колку има до центарот, каде да се сврти за езерото или пристаништето, колку се оддалечени туристичките локалитети.
Некои од таблите кои беа наменети да им дадат првични сообраќајни информации на возачите со изградбата на кружните текови беа одстранети,...
Post Views: 2
Во светот во текот на минатата година е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на популацијата која живее во земјите со целосно слободни медиуми падна на најниско ново во изминативe 16 години.
Ова се наведува во извештајот на организацијата Фридом хаус во кој се додава дека ситуацијата со слободата на медиумите во Македонија е една од најлошите земји на Балканот.Македонија е најниско рангирана земја во регионот на 120 место кое го дели со Турција, Конго, Фиџи, Либерија и Сејшели. Во ланскиот извештај на Фридом хаус Македонија беше на 115 место кога имаше...
Post Views: 10
Фестивалот на новокомпонирана музика „Канеофест“ 2016 по 15 ти пат ќе се одржи во Охрид. Телевизија Морис веќе 4 години се јавува како организатор и покровител. Фестивалот започнува утре во 21 часот во ЦК „Григор Прличев“, влезниците чинат 50 денари а како што појасни директорот на фестивалот Кристина Алексиеска со нив публиката ќе има можност да гласа.
„Фестивалот ги брои само новокомпонираните авторски музички македонски мелодии. Од 2013 година фествалот разви две фестивалски вечери и тоа првата вечер е посветена на фолк музиката, токму фолкерите ќе го отворат овогодинешното...
Post Views: 23
На местото на кобниот шанк каде што минатата година на крај на туристичката сезона од струен удар погинаа тројца стружани, никна друга. На ваквиот потег реагираа група членови на ПК. „Струга“ – Струга. Тие до нас испратија допис насловен – „Алчноста за поголем профит поважнa од законот и почитта кон починатите“, во него меѓу другото стои.
„Сеуште нема поминато една година од немилиот настан кога на нелегално изградената платформа од струен удар погинаа тројца видни стружани, а кафе барот „Пливалиште“ мотивиран од алчноста за поголем профит и поддржан од претседателот...
Post Views: 0
Само минатата година, штетите во шумите погодени од пожар, како и на трошоците за справување со пожарите надминаа неколку десетици милиони евра. Сите овие шумски пожари се резултат на човечки активности, односно палења во земјоделството, невнимателно ракување со оган и што е најсериозно во последните десет години – намерно подметнување на пожари во шумите. Денес, иницијатива на СВР Охрид, денес се одржа работен состанок во врска зајакнување на мерките и превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
„Целта е да се елиминираат...