Старите видео ленти би можеле да вредат многу

Експертите веруваат дека VHS лентите ќе им се придружат на плочите

 |  инфодеск  | 

Оние кои ги уништиле плочите на познати музичари не ни помислувале дека тие денес за нив би можеле да добијат добра сума на пари, а истото би можело да се случи и со VHS лентите.

Со тек на времето, VHS лентите почнаа да исчезнуваат од просечните домаќинства, а беа затворени и голем број на видеотеки. Исто така, лентите веќе подолго време не се во центарот на вниманието и веќе предизвикуваат носталгија.

David Jinks порачал сите да ја научат лекцијата потсетувајќи се на плочите бидејќи  беа  отфрлени и несакани, а подоцна почнаа да добиваат значителна вредност, и притоа не се мисли на сентиментална туку на парична вредност.

“Многумина кои го купиле оригиналниот “The White Album” од Битлси го преслушуваа до уништување, а  немале поим дека во иднина би можел да биде многу вреден. Сега вистинската верзија вреди и до 7.000 фунти”, вели Jinks.

 “Денес видео лентите се сметаат за еднакво минливи како плочите некогаш и брзо исчезнуваат од нашите домови”, објаснува Jinks.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top