Премиера на филмот „Сигурност“ во Охрид

Во среда и четврток во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува филмот „Сигурност“ со почеток во 19 часот.

 |   | 

Во среда и четврток во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот ќе се прикажува филмот „Сигурност“.

Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.

Карти по цена од 100 денари може да се најдат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, телефон за резервации 046/261-063.

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top