• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Работен состанок во врска зајакнување на мерките и превентивно делување за заштита на шумите од пожари

Работен состанок во врска зајакнување на мерките и превентивно делување за заштита на шумите од пожари

На средбата, покрај претставниците на Секторот за внатрешни работи Охрид,  учествуваа и претставници од територијалната против-пожарна единица, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски Шуми“, Националниот  парк „Галичица“, шумската и граничната полиција, претставници на урбани заедници и други субјекти и институции.

 |   | 

Само минатата година, штетите во шумите погодени од пожар, како и на трошоците за справување со пожарите надминаа неколку десетици милиони евра. Сите овие шумски пожари се резултат на човечки активности, односно палења во земјоделството, невнимателно ракување со оган и што е најсериозно во последните десет години – намерно подметнување на пожари во шумите. Денес, иницијатива на СВР Охрид, денес се одржа работен состанок во врска зајакнување на мерките и превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.

„Целта е да се елиминираат можностите од пожари односно дас е изврши навремено информирање на субјектите во услови кога имаме појава на пожар. Можам да кажам дека беа донесени прецизни заклучоци, и верувам дека во наредниот период службите ќе функционираат беспрекорно, а со тоа ќе се избегнат сите можности за појава на пожари на отворен простор и во шумските појаси“ вели Мр.Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид

Состанокот тематски беше посветен на координирање на повеќе надлежни субјекти за конципирање мерки но и конкретни оперативни планови од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари .

„Пожарот мора веднаш да биде згаснат во услови кога претстојат високи температури. Службите ќе бидат на терен, ќе има патроли, секако комуникацијата и координацијата со месното население во оваа фаза ќе биде и тоа како значајна бидејќи првичните информации ќе требада дојдат и од нив, тие треба да знаат кого ќе информираат да ги имаат тел. Контакти начините на комуникација мора да бидат ефикасни и со тоа да се делува превентивно и ефикасно“ објаснува Мр.Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.

Мерките кои беа предложени имаат за цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни активности и навремено локализирање на пожарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top