Пештанските гробишта претесни

Post Views: 4   Во туристичката населба Пештани нема повеќе место за погребување на починатите. Евидентно е дека последниве години упорно се потенцира дека Пештани е населба која се шири и по површина и по број на жители, а гробиштата се веќе претесни и овој проблем е горлив, за ТВМ открива Драган Тренески, претседател на МЗ. Додава дека тоа било утврдено и на собирите со мештаните во координација со Црковниот одбор. „Во моето досегашно работење овој проблем е истакнат дека бара решавање веднаш. Сите напори во поглед на решавање на овој проблем се преземени имаме неколку иницијативи...

Continue reading

Признанија за објективно известување за „Нова Македонија“

Post Views: 3 Дневниот весник Нова Македонија од своите успешни почетоци, преку тешките периоди, денес успева да стигне до престижните признанија за објективно известување.

Continue reading

Црвен крст доби локација за оперативниот центар за безбедност на вода

Post Views: 0   Во близина на каналот Студенчишта ќе биде сместен оперативниот центар на вода од охридскиот црвен крст, информира претседателот на организацијата Сашо Точков.  Долго време ЦК бараше соодветна локација каде што нивните едници  ќе бидат стационирани и ќе делуваат во ризични ситуации. Сега тој долгогодишен  проблем од скоро една деценија  станува реалност со помош на Локалната  самоуправа. „Ќе имаме привремен центар за безбедност на вода кој ќе може поефикасно да интервенира и ќе се наоѓа на самиот брег“, вели Точков.  Центарот за безбедност на вода располга со човечки...

Continue reading

Најдобрите теквондисти од регионов на тренинг во Охрид

Post Views: 1 Охрид станува се попривлечна дестинација за одржување на семинари и тренинзи за боречките спортови. Имено, деновиве на теренот кај езерската полиција во Охрид беше одржан неколкучасовен таеквондо тренинг на кој учествуваа претставници од најдобрите теквондо тимови од Македонија, Србија и Словенија.На тренингот беше разменето драгоцено искуство меѓу таеквондистите од најдобрите таеквондо школи од Македонија (ХВА РАНГ ИТФ), Србија (Бајша) и Словенија (Шкорпион). „Од секој тренинг се учи и од секој човек се учи, се што се работи е пожелно, колку повеќе се работи толку повеќе...

Continue reading

Вакцинацијата се одвива со добро темпо

Post Views: 1 Од денеска, започна теренската ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца. Тимовите на охридскиот Здравствен дом ќе ги посетуваат селата по истиот распоред како и за првата доза. Ревакцинацијата ќе започне во Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа и Волино. Во општина Дебрца ревакцинацијата ќе се врши во објекти на општината и основните училишта. Од ресорното министерство велат дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани...

Continue reading

Ќе се проширува ли градскиот превоз со уште неколку нови линии

Post Views: 0   Локалната најавува воведување на уште неколку нови градски линии. Планирано е во функција да се стави линијата која ќе поминува по улица „Партизанска“, пред ФТУ и по улицата „Асном“. Но се поставува прашањето дали и колкава ќе биде економската оправданост за автопревозниците кои ќе возат на овие линии. Ние како фирма немаме пројавено интерес и нема да учествуваме на тендерот. Сметаме дека овие две линии и уште неколку кои ги покриваме се сосема доволно и ги задоволуваат потребите земајќи го во предвид капацитетот на градот, вели Димитар Василевски – директор на АД...

Continue reading

am

Попушта oсновата на Алтанин мост

Post Views: 4 Алтанин мост попушта. Неговата основа почнува да се руши, а исто така на дел од  мостот попушта и асфалтот, реагираат жителите кои живеат и имаат куќи во Чекоштина. На мостот му  е потребна итна санација. Во населбата Чекоштина во последните 20 години се направени голем број куќи и хотелско сместувачки  капацитети и овој мост е единствениот приоден пат до објектите, напоменува Благој Ефтимов еден од многубројните  жители од Чекоштина.  „Од негрижа реката го еродира дното и истиот е пред паѓање. Ако се сруши немаме друг премин за целата населба, друг премин немаме за...

Continue reading

Најголемо спасување на подводно богатство во историјата

Post Views: 4 Богатството лежело на морското дно откако парабродот City of Cairo на пат од Бомбај во Индија кон Англија во 1942 година бил потопен од германска подморница. Бродот со терет од стотина тони сребро кое припаѓало на британското министерство за финансии бил на дното од морето 772 км. јужно од св.Елена, на длабочина од 5 км. Среброто, останатите скапоцености и металните пари патувале кон Лондон за да ја финансираат британската воена машинерија, но таму никогаш не пристигнале. Бродот бил торпедиран од страна на германска подморница на 6 ноември 1942 година. И бродот и богатството...

Continue reading

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 1 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година на...

Continue reading

Мецо сопранот Елина Гаранча и диригентот Ион Марин пристигнаа во Охрид

Post Views: 0 Се е подготвено да стартува 56 -то издание на Фестивалот Охридско лето. Музичката дива оперската пејачка од Латвија,  Елина Гаранча и романскиот диригент, Ион Марин пристигнаа во Охрид.  Имињата на двајцата музичари  предизвика голем интерес кај домашната и странската публика и чест е што овие ѕзезди ќе ја надополнат богатата фестивалска историја на Охридско лето, истакна на денешната прес конференција директорот на  фестивалот Оливер Арсовски.   „Тоа е доказ дека на фестивалската сцена за годинешното свечено отварање повторно имаме добри и славни уметници. Ќе бидеме...

Continue reading

policija

Полицијата трага по тројцата исчезнати унгарски државјани

Post Views: 19 Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.Чуварот на автокампот Градиште пријавил во полиција дека кога влегле унгарските државјани во кампот на автомобилот „фиат добло“ имало три кајаци. Автомобилот стоел се уште на паркингот во автокаммпот, а Унгарците и кајаците кои биле на автомобилот ги немало. Унгарците влегле во Македонија преку граничниот премин Табановце на 5 мај. Од СВР Охрид велат дека засега не се пронајдени знаци кои укажуваат на тоа дека се случила трагедија. На...

Continue reading

На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува забраната за возењето скутери

Post Views: 6 На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува во целост забраната која стапи на сила од први овој месец, а се однесува на возењето скутери од 11 до 19 часот. Панде Рилков, инспектор за безбедност за внатрешна пловидна при капетанијата вели дека сеуште поединци си земаат за право да дивеат по езерото во оној временски интервал кој е забранет. Ние редовно правиме контроли и ги користиме сите човечки ресурси за да се направи ред и на струшкиот дел од крајбрежјето. Во тоа ни помага и езерската полиција со која имаме одлична соработка. На прекршителите им се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top