Најдобрите теквондисти од регионов на тренинг во Охрид

Деновиве на теренот кај езерската полиција во Охрид  беше одржан неколкучасовен теквондо тренинг и демонстрација на кој учествуваа тимови од Македонија, Србија и Словенија. Тренингот го водеа Исмет Ичановиќ од клубот Шкорпион, црн појас шести дан, носител на златен медал и Маринко Стојаковиќ црн појас, петти дан европски  шампион од  Теквондо Клубот Бајша.

 |   | 

Охрид станува се попривлечна дестинација за одржување на семинари и тренинзи за боречките спортови. Имено, деновиве на теренот кај езерската полиција во Охрид беше одржан неколкучасовен таеквондо тренинг на кој учествуваа претставници од најдобрите теквондо тимови од Македонија, Србија и Словенија.На тренингот беше разменето драгоцено искуство меѓу таеквондистите од најдобрите таеквондо школи од Македонија (ХВА РАНГ ИТФ), Србија (Бајша) и Словенија (Шкорпион).

„Од секој тренинг се учи и од секој човек се учи, се што се работи е пожелно, колку повеќе се работи толку повеќе се учи. Јас сум IV дан и јас треба да учам од некого, а можам да учам само од поголем појас. Само можеме да научиме, словенците на пример држат еден тренинг, србите поинаков, ние поинаков и тука имаме размена на искуства ги користиме најдобрите работи од сите страни“ појаснува Марјанчо Лазаревски – HWA RANG ITF – Лескоец.

Организаторот на овој настан, Марјанчо Лазаревски, изразува голема благодарност до спонзорите ПН МЕТАЛ и НОМА МЕТАЛ кои беа покровители на овој настан. За успешен настап на меѓународни натпревари, европски и светски првернства, но и за континуиран успех во секој спорт, потребна е поддршката од спонзорите, но исто така потребно е и да се оправда таа поддршка.

„Најважното нешто е да се има спонзор кој континуирано стои зад клубот, а клубот има обврска кон спонзорите, да носи резултати да ги рекламира. А не како другите, ќе ни дадат спонзорство и како ништо да не било“ вели, Марјанчо Лазаревски – HWA RANG ITF – Лескоец.

Тренингот го водеа Исмет Ичановиќ од клубот Шкорпион, црн појас VI дан, носител на златен медал од светско првенство, Маринко Стојаковиќ (црн појас, V дан) европски шампион од ТК Бајша и Марјанчо Лазаревски (црн појас, IV дан) светски вицешампион.

Покрај нив на овој настан учествуваа и репрезентативката на Србија, Бојана Зориќ (црн појас), Зоран Донев (црн појас, I дан, репрезентативец на Македонија), Ацо Јосифоски (црн појас, IV дан), претседателот на таеквондо федерацијата на Србија, Дејан Ѓурасовиќ, Борче Јовановски (црн појас, репрезентативец на Македонија) како и таеквондистите од ХВА РАНГ ИТФ.
Инаку на овој ревијален тренинг паднале и првите идеи за организација за летни кампови во сите три земји, од кои еден би требало да биде во Охрид, со учество на најголемите мајстори од овој спорт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top