Пештанските гробишта претесни

Пештанските гробишта претесни. Пештанци од Локалната самоуправа на Охрид бараат под итно да се реши проблемот, бидејќи не останало ниту едно место за погребување на покојните, како што тврди претседателот на МЗ Драган Тренески. Од МЗ се свесни дека решението на овој проблем лежи во нова локација што како проект бил прескап, но според нив мора час поскоро да се реагира, за да не се докомплицира и онака сложената состојба.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во туристичката населба Пештани нема повеќе место за погребување на починатите. Евидентно е дека последниве години упорно се потенцира дека Пештани е населба која се шири и по површина и по број на жители, а гробиштата се веќе претесни и овој проблем е горлив, за ТВМ открива Драган Тренески, претседател на МЗ. Додава дека тоа било утврдено и на собирите со мештаните во координација со Црковниот одбор.

„Во моето досегашно работење овој проблем е истакнат дека бара решавање веднаш. Сите напори во поглед на решавање на овој проблем се преземени имаме неколку иницијативи за решавање на овој проблем, но досега се е останато само на добри ветувања и на парче хартија. Знаете дека хартијата не е прехранбен продукт, пештанци бараат под итно да се реши овој проблем бидејќи навистина нема ниедно слободно место“.

Тренески го истакна ставот на месното население, како и на црковниот одбор на Пештани, кои решението на овој проблем го гледаат во нова локација за гробиштата.

„Пештани претендира и е модерна туристичка населба и како таква гробиштата мора да бидат надвор од населено место. Но цела традиција и она вековно живеење на пештанци е поврзано со гробиштата и новата локација каде ќе биде изнајдена кога ќе биде изнајдена ние сме во постојана координација со Локалната самоуправа и една таква локација е предвидено во местото викано Краста каде би се преселиле гробиштата и би се решило за подолг временски период “ – вели Тренески.

Во врска со овој проблем побаравме одговор од Локалната самоуправа. Од таму кажаа дека, согласно ДУП било донесено решение за нова парцела на државно земјиште. Целиот план околу новата парцела бил во завршна фаза се чекала соогласност од Министерството за транспорт и врски, па потоа да стигне до Охридскиот Совет. Од Локалната очекуваат дека овој проблем набргу ќе биде надминат, бидејќи станува збор за навистина непријатен момент.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top