Post Views: 4
Заврши конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. На конкурсот се пријавени пет кандидати, а кои се нивните имиња и какви се идејни решенија се нудат допрва ќе се знае кога ќе се отворат понудуите. Изборот на сувенир на градот е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општинатаа целта е да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот кој ќе е препознатлив во промоцијата на Охрид. Ова нема да биде официјален симбол на Охрид, туку ќе биде сувенир кој Локалната самоуправа ќе го користи во сопствените промотивни дејности. Општината формира...
Post Views: 37
Струга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости.
Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога...
Post Views: 1
20 охридски брачни парови се разведени од почетокот на годинава заклучно со месец мај. Одлука за раскинување на брачната заедница донесле партнери со пократок брачен стаж, но и оние кои биле во подолга брачна врска, а причините за разводите се од најразличен карактер, вели Павлина Пероска социјален работник и раководител на одделението за брак и семејство во Центарот за социјални работи Охрид. „Бројот на разводите во однос на старосната граница и година на живеење во брак се различни. Повеќе има разводи на помлади брачни партнери. Причини се недоверба, нетрпеливост,...
Post Views: 3
Екипата на ТВ Сител денес на денот на изборите беше спречена од полициски службеник во вршење на своите професионални задачи за известување од денот на локалните избори.
Имено, екипата од еден новинар и снимател излегла од своето возило и се подготвувале да снимаат прилог од избирачко место во Кратово, а полициски службеник на дрзок начин ги спречил во таа намера.
Инаку, за акредитираните медиумски екипи дозволено е да се снима изборниот процес и не треба никаква најава. Претседателите на Избирачките одбори се должни да им дадат изјава и информации за текот на гласањето.
Видеото...
Post Views: 0
Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти.
Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на совет ...
Post Views: 0
„Наша вечер во Охрид“ е насловот на програмата што вечерва во рамките на „Охридско лето“ ја носи големиот и признат драмски уметник и актер Иван Босилчиќ од Србија.
„Нашата вечер во Охрид“ е нова програма, специјално составена за долго очекуваната средба со публиката на фестивалот „Охридско лето“. Стиховите на Бодлер, Есенин, Блаже Конески, Анте Поповски, Алекса Шантиќ, Милан Ракиќ ќе бидат обоени со гитарската вибрација на фадо-звукот, ориентот и класичните ноти. За тоа ќе биде задолжен професорот по класична гитара и композитор Горан Ковачиќ, како и маестро Зоран Стојановиќ...
Post Views: 12
Охридските советници од СДСМ денес уште еднаш потсетија на ветувањата дадени од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески, а кои како што велат сеуште не се реализирани. Тие својата пресс конференција ја одржаа кај автобуската станица од каде упатија критика дека сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица.
Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во предизборната програма на Бакрачески очигледно била само уште една предизборна лага на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните само знаат дека беше продадена...
Post Views: 2
Новиот дел од библиотеката НУ „Григор Прличев“ ќе се пушти во употреба дури следната година. Објектот во кој порано беше сместена дирекцијата на Фестивалот Охридско лето се адаптира веќе 4 години. Отстапувањето на објектот на градската библиотека се случи во 2013 година, а објектот сеуште не е готов. Работите закочиле кај изработката на мебелот со кој треба да се опреми библиотеката и тоа заради технички пропуст во тендерот, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Во изминатите две години се работеше интензивно на објектот. Се обнови фасадата,...
Post Views: 2
Фаблетите во последно време се сѐ популарна категорија на мобилни уреди и со сѐ повеќе корисници, благодарение на големите екрани. Најпопуларни фаблети на светот моментално се Galaxy Note 4 на Samsung, со екран од 5,7 инчи и iPhone 6 plus со екран од 5,5 инчи и повеќето други фаблети се со слични големини.
Но, за оние кои тоа е малку и сакаат уред со големина на таблет со кој ќе можат да телефонираат, Huawei вчера го претстави моделот P8max. Овој уред доаѓа со дијагонала од дури 6,8 инчи (станува збор за еден од најголемите телефони/фаблети на светот) со резолуција од...
Post Views: 1
Синоќа со прекрасните звуци на повеќе арии, оперската дива Елина Гаранча од Латвија го означи почетокот на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ја придружуваше оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија. Во преполниот Античкиот театар многубројната публика имаше прилика да ужива во беспрекорните изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Бизе, Чапи, Лара и Пучини. Покровител на фестивалот и оваа година беше претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го прогласи за...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари работна, но и пријателска средба со израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан. Се разговарало на повеќе теми кои се од заеднички интерес, но пред се се ставил акцент на развојот на образованието и на туризмот. Договорено било неколку израелски туроператори и новинари да го посетат Охрид и да пишуваат за него и неговите природни и културни убавини, како би се привлекле гости од оваа далечна земја. Ваквата посета би се организирала кон крајот на септември или почетокот на октомври. Станало збор и за развој на здравствениот...
Post Views: 9
Директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, од денеска е во пензија.Веста за негоивто пензионирање ја потврдија и од МВР.На негово место доаѓа досегашниот прв човек на Централните полициски сили (ЦПС), Митко Чавков, кој како предлог поминал на владина седница.
Кој пак ќе ја замени испразнетата фотеља на Чавков засега не се знае. Досегашниот директорот на БЈБ, Тодоровски, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи како професор на Факултетот за безбедност.
{loadposition content9}