Пет идејни решенија пристигнаа на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“

Пет идејни решенија пристигнаа на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Специјална комисија ќе одлучува кое идејно решение е најсоодветно. Овој сувенир ќе може да  го користат сите граѓани, а не само Локалната самоуправа на Охрид. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Заврши конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. На конкурсот се пријавени пет кандидати, а кои се нивните имиња и какви се идејни решенија се нудат допрва ќе се знае кога ќе се отворат понудуите. Изборот на сувенир на градот е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општинатаа целта е да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот кој ќе е препознатлив во промоцијата на Охрид. Ова нема да биде официјален симбол на Охрид, туку ќе биде сувенир кој Локалната самоуправа ќе го користи во сопствените промотивни дејности. Општината формира Комисија која ќе одлучува кое идејно решение е најсоодветно, а резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.

Намерата на ТЛЕР е сега да добиеме некој стандардизиран производ  кој ќе биде препознатлив за нашиот град, но останува простор тој во иднина да се надополнува и да се усовршува, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локалната самоуправа.

Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата, автентичната природа и културата на градот. За изработка на сувенирот потребно е да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се камен, керамика, метал, дрво итн. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот и техничките услови за изработка треба да бидат текстуално образложени. Локалната се одлучи на ваков чекор бидејќи во минатиот период како сувенир на Охрид се нудеа многу реплики кои не ги задоволуват стандардите за сувенир на градот.

Тоа е една од целите која ќе ја постигнеме со изработката на овој сувенир. Сакаме да направиме траен производ кој ќе остане засекогаш, а не нешто минливо и за краткорочна употреба, вели Џамтоски.
 
Наградата за најдобро решение за „Сувенир на град Охрид“ е една и изнесува 30.000 денари. Овој сувенир ќе може да  го користат сите граѓани, а не само Локалната самоуправа на Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top