• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица, обвинуваат од СДСМ

Сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица, обвинуваат од СДСМ

Советниците на опозицијата во Советот на општина Охрид денес уште еднаш потсетија на како што рекоа дадените, а неисполнети ветувања на градоначалникот Никола Бакрачески. Посочија дека сеуште нема ниту траг од новата современа меѓународна автобуска станица.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охридските советници од СДСМ денес уште еднаш потсетија на ветувањата дадени од страна на Градоначалникот Никола Бакрачески, а кои како што велат сеуште не се реализирани. Тие својата пресс конференција ја одржаа кај автобуската станица од каде упатија критика дека сеуште ја нема ветената нова и современа меѓународна автобуска станица.

Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во предизборната програма на Бакрачески очигледно била само уште една предизборна лага на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните само знаат дека беше продадена атрактивна парцела со вкупна површина од околу 12.000 квадратни метри со многу поволен договор за фирмата купувач по багателна достигната цена од 3.487 денари, односно вкупно 41.833.540 денари, рече Д-р Јован Стојаноски , координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид.

СДСМ и коалиционите партнери долго време укажуваа на тоа дека најдобар модел за ваков проект е моделот на Јавно приватно партнерство, при што локацијата и дел од деловниот простор би останал на градот и неговите граѓани, потенцира Стојаноски. Градбата на автобуска станица требаше барем да е започната, а како што може да се види нема ниту траг од тоа, додаде тој.

Очигледна беше намерата оваа атрактивна локација да падне во рацете на фирми блиски до власта. Граѓаните на Охрид останаа покуси за 12 000 метри квадратни атрактивно земјиште и со многу нејаснотии на што и каде конкретно се потрошени парите добиени со овој штетен договор за продажба на градско земјиште, рече Стојаноски.

Стојаноски уште еднаш потсети на донесената  Програма завремени објекти на последната 57-ма седница на Советот на општина Охрид која според него ќе е штетна за голем број граѓани кои имааат вакви објекти, а корисна само за поединци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top