Градинката Билјaна поплавена со фекалии децата привремено сместени во Лихнида

Post Views: 3 50 дечиња од градинскиот дел и 16 од јасли од објектот Билјана се принудно преместени во дуг клон на Детската градинка Јасна Ристеска. Хаварија на канализационата мрежа предизвикала  појава на фекалии во пералната па децата и вработените се принудно преселни  од Билјана во  градинката Лихнида, информира директорката Роза Костеска.   „Во моментов се чисти и дезинфицира објектот. Во тек на оваа недела пријавивме и во Центарот за јавно здравје за да се дезинфицира со соодветни средства  покрај тоа што ние ги употребивме расположливите средства. Ги замолуваме родителите...

Continue reading

Порибување на езерото со подмладок на јагула

Post Views: 8 Заврши порибувањењто на Охридското езеро со јагула за оваа година. Денес кај струшкото село Радожда, во водите на езерото запливаа и последните примероци од од овој вид риба кои беа дел од 220те килограми. Во текот на оваа година во водте на езерото се фрлија околу 850 килограми или 30 000 единки квалитетен помладок на јагула со што се реализира планот. Акциите беа спроведени во три наврати. Директорот на ЕЛЕМ, Владо Чингоски вели дека традиционалното порибување на Охридското езеро со јагула е со цел да се обезбеди обновување и зачувување на овој вид риба а со тоа и...

Continue reading

Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов

Post Views: 5 Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните заедници...

Continue reading

Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”

Post Views: 12 Неодамна во општина Дебрца се одржа тркалезна маса: “ Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”. Тркалезната маса е во рамките на проектот: “ Зачувување на Белчишкото Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители”. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје. Проектот се имплементира од страна на Здружението “Екотуризам 2016”, а е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical...

Continue reading

ag

Со проектот Македонија вработува досега се вработиле над 630 охриѓани

Post Views: 1 Со низа поволности за вработување во евиденцијата на охридската Агенција за вработување стапката на невработеност од лани досега се намалила за 15 проценти. Минатата година од 4800 активни баратели на работа годинава бројката се намалила за над 600. Со проектот  Македонија вработува од минатата година до сега се вработиле поголем број охриѓани од најразлични профили, степен на образование и возраст, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски. „Сакам да потенцирам дека во минатата година овој бенефит го искористиле повеќе од 630 лица во центарот...

Continue reading

Големо поскапување на горивата во Македонија

Post Views: 2 Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм...

Continue reading

ХОТАМ, со барања до Владата

Post Views: 2   Дваесеттина предлог мерки за подобрување на условите за вршење туристичка и хотелско угостителска дејност. Ова барање до Владата го достави Хотелската асоцијација на Македонија. Крсте Блажески, претседателот на оваа организација, смета дека пакет мерките се во насока за стимулирање на изградба на квалитетни хотелски капацитети во охридско струшкиот регион. Дел од барањата според Блажески биле намалување на комуналиите и рамноправност со странските инвеститори. „Странските инвеститори секако дека не се отфрлени, но јас би рекол дека тука треба да ги добиваме истите...

Continue reading

Хрватите „Судар перкашн“ на Охридско Лето

Post Views: 5   Вечер на сцената во Предворјето на црквата „Св Софија“ ќе настапи популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“. Тие се за прв пат во Македонија на фестивалот Охридско Лето. Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека продолжуваат и понатаму да ги бараат уметниците кои што досега не биле на фестивалот, а низ цел свет прават концерти за паметење и претставуваат на свој начин вистинска атракција. „Во нашата меѓусебна комуникација тие предложија два проекти. Едниот беше рок-ин, тоа им е понов проект, во кој што изведуваат обработка на нивните удирачки...

Continue reading

Apple купи големо пространство на шума

Post Views: 1 Најверојатно Apple одлучил да му покаже на светот дека е свесен за проблемот со загадување на човековата околина. Имено, компанијата во соработка со Conservation Fund, организација за заштита на човековата околина, купи шума која се простира на дури 36.000 хектари, пишува bgr.com. Спрема пишувањето на официјалниот блог на организацијата, Apple купил шума за да ја зачува за идните генерации, но и за користење за свои потреби. Шумата се наоѓа во американските сојузни држави Северна Каролина и Мејн, а дел од вкупниот појас на приватните шуми кои се простираат на 45 милиони...

Continue reading

поли

МВР има потреба од полициски службеници и во СВР Охрид

Post Views: 4 Тече огласот од Министерството за внатрешни работи за вработување на 30 полицајци за потребните на СВР Охрид и 45 извршители за регионалниот  центар за гранични работи Југ. Ние имаме потреба од полициски службеници, истакна од Охрид министерот Митко Чавков. „За охридскиот регион и сите регионални сектори успеавме да ги подигнеме персоналните капацитети на соодветно ниво.Вративме полициски службеници од 1,2,3 генерација кои имаа завршено курс за полицајции кои беа на работа во Скопје. Тие сега се вратени на регионално ниво, покрај нив мината година примивме и полициски...

Continue reading

цреша

Ќе започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишк

Post Views: 4 Задругата „Охридска цреша“ прави напори во регионов да започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишка. Сега индивидуални производители калемат најразлични видови на цреши со што полека но сигурно се губи нашата препознатлива сорта, вели Ванчо Стојаноски член на зaдаругата. Денес за таа цел преставник од Институтот за земјоделство се сретна со преставници од Локалната самоуправа, поточно со преставници на ТЛЕР за да им ги предочи можностите за изработување еден заеднички проект во кој би партиципирал институтот, локалната и задругата, а со кој би...

Continue reading

mekdonalds

Ќе си замине ли ланецот „Мекдоналдс“ од Македонија?

Post Views: 12 Од централата на оваа фирма за Европа, велат дека „Мекдоналдс Европа“ го прекинала договорот за франшиза со македонската компанија „СЈ“, која пред 16 години го отвори првиот ресторан на овој синџир во земјава. „По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналдс“, вели за Дневник Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналдс Европа“ и додава дека компанијата која до сега ја имаше лиценцата, сега сама ќе одлучи дали рестораните ќе работата под некој друг бренд. Засега не се познати причините за прекинот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top