Apple купи големо пространство на шума

Зошто Apple купи 36.000 хектари шума?

 |  инфодеск  | 

Најверојатно Apple одлучил да му покаже на светот дека е свесен за проблемот со загадување на човековата околина. Имено, компанијата во соработка со Conservation Fund, организација за заштита на човековата околина, купи шума која се простира на дури 36.000 хектари, пишува bgr.com.

Спрема пишувањето на официјалниот блог на организацијата, Apple купил шума за да ја зачува за идните генерации, но и за користење за свои потреби. Шумата се наоѓа во американските сојузни држави Северна Каролина и Мејн, а дел од вкупниот појас на приватните шуми кои се простираат на 45 милиони хектари се сметаат за загрозени.

Улогата за одржување на шумата која ја поседува Apple ќе ја има Conservation Fund, а наводно истите ќе бидат дефинирани како шуми за комерцијален извор на дрва. Понатаму во блогот пишува дека шумата, исто така, ќе биде извор на суровина за изработка на пакувањата кои ги користи Apple за своите производи, а пред самото купување компанијата морала да се обврзи дека ќе извезува онолку дрва колку што е потребно за изработка на пакувањата.

Но тоа не е сѐ – Apple истиот ден склучил и договор со кинескиот Sun Power за финансирање на две соларни електрани во Кина, а спрема договорот проектот би требало да биде завршен до крајот на годината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top