Градинката Билјaна поплавена со фекалии децата привремено сместени во Лихнида

Градинката Билјaна поплавена со фекалии децата привремено сместени  во  Лихнида.

 |  Валентина Неловска  | 

50 дечиња од градинскиот дел и 16 од јасли од објектот Билјана се принудно преместени во дуг клон на Детската градинка Јасна Ристеска. Хаварија на канализационата мрежа предизвикала  појава на фекалии во пералната па децата и вработените се принудно преселни  од Билјана во  градинката Лихнида, информира директорката Роза Костеска.  

„Во моментов се чисти и дезинфицира објектот. Во тек на оваа недела пријавивме и во Центарот за јавно здравје за да се дезинфицира со соодветни средства  покрај тоа што ние ги употребивме расположливите средства. Ги замолуваме родителите да имаат трпение за условите во градинката каде што престојуваат децата за да ги довдеме во соодветна состојба просториите“, напоменува Костеска.

ЈП „Нискоградба“ веднаш интервенираше и неколку дена работеа на одстранување на проблемот.  Костеска појаснува дека станува збор  за сложен проблем кој настанал од подкревање на канализационата мрежа од корените на дрвата во паркот и од старата каналзиациона мрежа врз која треба да се интервенира. Работата се комплицира и тоа што градинката е во состав на комплексот на станбените згради па проблемот треба заеднички да се решава со станарите. Доколку  брзо не се најде решение градинката самостојно ќе бара излез од непријатната ситуација, појаснува Костеска.

„Таа канализациона мрежа го создаде проблемот. Од „Нискоградба“ се потрудија да го решат, но е привремено решение. Беше разгледувано со куќниот совет од зградата да направат финансиска пресметка за да се одстрани проблемот. Доколку проблемот не се реши брзо наша обврска е да го стопираме и да направиме друг извод на канализацијата надвор од градинката за да не се случуваа со ваков проблем во иднина“, вели Костоска.

Во близина на градинката има шахта па со  мали финансиски издатоци можело да се издвои канализацијата на градинката од зградите, посочува директорката. Со сличен проблем градинката се соочила и пред 20 години.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top