Од понеделник ќе функционираме по зимско време

Post Views: 6 Новото зимско сметање на времето почнува во недела, 30-ти октомври, со поместување на стрелките на часовникот од 03:00 на 02:00 часот во ноќта меѓу сабота и недела. Зимското време на сметање ќе важи до последниот викенд во март, односно до 30 март. Зимското сметање на времето за првпат се воведе во 1983 година.

Continue reading

velesta

Југозападен преку проект ќе го решава пробламот со фекалната канализација во Велешта

Post Views: 3 Центарот на југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со секундарна канализација во струшкото село Велешта. Проблемот кој се провлекува веќе десет години, резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени. Жителите стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Жителите на Велешта години наназад од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, стравувајќи од последиците кои можат да настанат поради овој нерешен проблем. Центарот за развој...

Continue reading

Охриѓани имаа можност да се сретнат со инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство

Post Views: 4 Охриѓани на отворениот ден се сретнаа со инспектори од Агенцијата за храна и  ветеринарство. На средбата присуствуваа прозиводители на храна, на мед, преработувачи на месо и млечни производи, хотелиери. Секој од својот домен на работа  ги изнесуваа проблемите  и бараа начини како да се олеснат  работите во производството на храна.  Беа изнесени проблемите од немање  на кланица и локални прозиводители на месо и раиба, со третирањето на свежото месо во хотелите и рестораните. Посочен беше и проблемот кој му се заканува на регионот, а тоа е немање доволно домашна суровина...

Continue reading

Изградбата на современ ски-центар на Јабланица се коси со плановите за заштитата

Post Views: 0 Изградбата на современ ски-центар на Јабланица се коси со плановите за заштитата, кои претендендираат планината да биде прогласена за Национален парк. Ова е ставот на активистите, откако Агенцијата за промоција и странски инвестиции го презентираше проектот за изградба на скијачки патеки на планината Јабланица со должина од 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари за производство на снег. Во проектот е предвидено изградба на 10 хотели, а вкупната вредност на инвестицијата е околу 320 милиони евра. Дефиницијата за таков простор е дека се забранети,...

Continue reading

Во Охрид има деца од ранливата категорија кои сеуште немаат матичен број

Post Views: 0   Многудетните семејства со над 5 деца кои припаѓаат на ранливата категорија на граѓани се соочуваат со низа проблеми. Не ретко кај дел од тие семејства децата се среќаваат на улица голи, боси, гладни, истоштени дури и во доцните ноќни часови. И нормално тука се наметнува прашањето, кои се ингеренциите на Центарот за Социјална работа и останатите релевантни институции кои работат со ранливата категорија на граѓани. „Немаме увид на ситуација значи мораме прво да имаме пријава, дали од МВР, родител, комшија од било кој за да можеме да покренеме постапка. Одма тимот оди...

Continue reading

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА ОХРИДСКИТЕ МАТУРАНТИ

Post Views: 0 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески синоќа во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ присуствуваше на доделување на дипломите на матурантите од оваа образовна институција од генерацијата 2020 -21 година. Во своето обраќање градоначалникот укажа на значењето на образованието и образовниот процес. Емоциите се големи затоа што вечерашново случување ме врати 25 години порано кога и јас бев на ваше место и ја чекав сопствената диплома. Можеби сега не, но подоцна сигурно ќе осознаете дека оваа диплома што вечерва ви се врачува е главниот билет кој ќе одреди...

Continue reading

Најранливите учесници во сообраќајот порачуваат

Post Views: 6 „Секој ден да е безбеден“, е новата републичка кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот преку која со која ја потенцира највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции-безбедноста на децата. Пораки од најмалите и најранливите учесници во сообраќајот до возачите. Денес учениците од сите основни училишта во градов едногласно испратија пораки до возачите со една единствена цел, поголема безбедност во сообраќајот. Учениците од второ до седмо одделение оградите од училиштата ги украсија со оригинални и пред...

Continue reading

Дијагностичка анализа за сливот на Дрим

Post Views: 2   Денес се одржа првата средба на фокус групата од ГЕФ проектот „Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управувње со водените ресурси во целокупниот басен на реката Дрим“. Вакви средби веќе се одржани во Албанија, Црна Гора и Косово. На нив присуствувале сите засегнати страни кои ќе допринесат и на локално и на централно ниво за реализација на овој проект кој официјално започна јуни месец годинава и ќе трае 4 години, како што појасна заменик министерот за животна средина Стево Темелковски. „Ќе резултира со една меѓудржавна дијагностичка анализа од која...

Continue reading

Светот во страв од новиот потег на Исламската држава

Post Views: 2 Уште едно светско чудо  е на работ на пропаста. Милитантите на Исламската држава не се откажуваат од дивеењето и уништувањето на културното наследство на Ирак и Сирија, а овој пат нивната цел е древниот град Palmyra во Сирија кој е дел од светското културно наследство под заштита на UNESCO. Сириските владини сили наводно се обидуваат да ги задржат борците на Исламската држава подалеку од градот откако во средата го нападнале Tadmur, модерен град во близина на древниот Palmyra, пишува CNN. Во борбите помеѓу сириските сили и милитантите на ISIS во близина на древниот град...

Continue reading

Нов кабинет по биологија во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 3   Учениците од ОУ „Григор Прличев“ упатија силна порака до охридскиот градоначалник. Тие од него како човек кој треба да се грижи за општината му препорачаа да го применува процесот на фотосинтеза, односно во градов да биде застапено зеленилото кое испуштајќи кислород преку лисјата ќе го збогати градот со чист воздух. Денес свечено беше пуштен во употреба подновениот и реконструиран кабинет по билологија, проект реализиран преку донација на германската влада и општина Охрид. „Тоа создаде услови да учениците во ова ОУ се стекнат со можност за поадекватно да пристапат...

Continue reading

Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“

Post Views: 4 Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“. По седумгодишна активна работа на конзервација и ревитализација заврши проектот со кој му се врати сјајот на овоај значаен средновековен споменик и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД.Kонзерваторските зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е нов покрив, нов дренажен...

Continue reading

arm

Се зголемува буџетот на Министерството за одбрана

Post Views: 2 Буџетот на Министерството за одбрана следната година ќе биде за 3 милиони евра поголем од годинешниот, се предвидува во предлог-буџетот за 2014 година. На одбраната ќе ~ бидат на располагање околу 95 милиони евра, од кои околу 2,8 за опремување и модернизација на Армијата. Годинава, АРМ за опремување и модернизација имаше околу 894 илјади евра. Според ребалансот на годинашниот буџет и предлог-буџетот за в година, АРМ може да се надева на благо зголемување на расположливите пари до 2016 година. Тоа е предвидено со владината буџетска програма за унапредување на одбраната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top