Се зголемува буџетот на Министерството за одбрана

Буџетот на Министерството за одбрана следната година ќе биде за 3 милиони евра поголем од годинешниот, се предвидува во предлог-буџетот за 2014 година.

arm
арм

Буџетот на Министерството за одбрана следната година ќе биде за 3 милиони евра поголем од годинешниот, се предвидува во предлог-буџетот за 2014 година. На одбраната ќе ~ бидат на располагање околу 95 милиони евра, од кои околу 2,8 за опремување и модернизација на Армијата. Годинава, АРМ за опремување и модернизација имаше околу 894 илјади евра.

Според ребалансот на годинашниот буџет и предлог-буџетот за в година, АРМ може да се надева на благо зголемување на расположливите пари до 2016 година. Тоа е предвидено со владината буџетска програма за унапредување на одбраната и безбедноста, чија цел е „унапредување на одбранбените и безбедносните активности“.

Преку оваа програма, АРМ годинава добила околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра. Се предвидува оваа сума да се зголеми на 9 милиони евра во 2014 година, 10 милиони во 2015 и 10,2 милиони и во следната година.

armСумата за опремување и модернизација на АРМ во 2014 година ќе изнесува 2,8 милиони евра, а следните две години по 3 милиони. Зголемена е и ставката за изградба и реконструкција од развојната програма. Од годинашните 845 илјади евра таа ставка ќе изнесува 1.268.000 евра во 2014. и 1.430.000 во 2015 година. Во буџетот за следната година се предвидени повеќе пари за функционирање на АРМ. Во ставката за унапредување на одбраната и безбедноста АРМ ќе добие 5,2 наместо годинашните 4,6 милиони евра, а парите за купување опрема од 5,6 се зголемени на 8 милиони евра.

Според Долгорочниот план за развој на одбраната од 2011 година, војската годинава требаше да добие 134 милиони евра, 156 милиони во 2014 година, а до 2020 година буџетот требаше постојано да се зголемува и да дојде до 2,1 отсто од бруто-домашниот производ или 336,8 миилиони.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top