Post Views: 1
Три лица ги загубија животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани, информираат од СВР Охрид.
Од здобиените повреди, на лице место починале Халит А.(16), Адмир В.(19) и Зуфер З.(46), сите од кичевското село Колари. Нивната смрт е констатирана од лекар од Брза помош. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобиле Џ.Ј.(50) од селото Букојчани и А.М.(25) од селото Зајас.
Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „Форд Ескорт“ со кичевски регистарски...
Post Views: 2
Поради дефектот кој настанал четвртокот попладне на 03 ноември, граѓаните на Струга кои живеат на ул. Кеј Борис Кидриќ, 5 дена останаа без вода за пиење. Состојбата е алармантна, укажуваат стружани. Тие најмногу се револтирани на некоректниот однос на раководните структури на МЈП Проаква-Струга, кои наместо да се нафатат да го решат проблемот, се однесувале незаинтересирано. Здравко Голабоски жител на Струга рече дека доколку не се реши проблемот, ќе се бара излез на повисоко ниво.Проблемот е сериозен и предолго трае, вели Филип Дејкоски, исто така засегнат грѓанин на...
Post Views: 0
Младата Јана Арсовска е голем франкофон и голем херој, која се лекуваше 10 месеци во Германија.
Моментално е во Охрид, во домашна атмосфера, каде следува период на опоравување од 3 месеци. Најблиските на Јана, нејзиното семејство, роднините и пријателите апелираат за помош. Потребни се финансиски средства за понатамошна рехабилитација. Во јануари следува контрола во Германија за што потребни се околу 5 000 евра.
Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за Јана на следната жиро сметка:
Arsovska Jana530500010490410 Ohridska BankaGjorche...
Post Views: 4
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(46) од Прилеп.
Тој, на 14.10.2021 година, по објавен текст на интернет портал, постирал коментар со недолична содржина со што, промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Децата од претшколска возраст денес, со транспаренти и пароли на возачите им упатија силни пораки, „Секое дете заслужува да му се радува на животот“, „Вози одговорно! Животот е во твои раце, „Детската љубов нема граници, детскиот живот нема цена”, “Биди совесен возач”. Тое е во рамки на кампањата Ве молам возете полека. Со надеж дека овие пораки ќе допрат до секој учесник во сообраќајот, Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата ја реализира оваа кампања во која се вклучени децата од градинката, пензионерите, припадниците на Територијалната противпожарна емисија,...
Post Views: 2
На 09.08.2021 година во СВР Охрид, приведен е З.Д.(55) од Охрид кој претходно, по нарушен јавен ред и мир на плажа на Охридското езеро, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени мерки. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.08.2021 година во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К.(35) од една и А.Ј.(49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 09.08.2021 година во 13.40 часот, во...
Post Views: 12
Споро се носат деталните урабанистички планови, реагираат засегнатите граѓани. Посебно со овој проблем се соочуваат граѓаните кои поседуваат неизградено градежно земјиште во централното градско подрачје во блокот Ривиера. Тие се жалат дека се оштетени од општината. Кажуваат дека 8 години по враќањето на нивните имоти со денационализацијата од 2008 година плаќаат данок на имот и по 1500 евра годишно, а урбанистичкиот план никако да се донесе. Во тој случај тие бараат да бидат ослободени од плаќање на данокот се додека не се изготви урбанистичкиот план за урбан...
Post Views: 12
50 медицински апарати и друга опрема во вредност од 705 520 евра треба да добие Охридската општа болница. Ова доаѓа по најавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, дека ќе се набави медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа во државата во вкупна вредност од 33 милиони евра. Денеска, директорот на општа болница, Љубен Арнаудов обелодени список со кои точно апарати и опрема ќе се подновува охридската болница. Директорот посебно издвои неколку апарати кои се од исклучителна важност за болницата меѓу кои лапараскопот за гинеколошки операции.
„Ние...
Post Views: 2
Сопствениците на светските модни брендови Gucci и Yves Saint Laurent подигнаа тужби пред американските судови против кинеската групација Alibaba, тврдејќи дека тој профитира од продажба на фалсификувана роба која трговците ја нудат на неговата платформа за интернет трговија.
Француската групација Kering и групацијата на нивните брендови подигнаа исто така нова тужба пред сојузниот суд во Њујорк со што му зададоа уште еден удар на настојувањата на Alibaba да ги увери компаниите и регулаторите дека вложува доволно напори за сузбивање на продажбата на фалсификувана роба.
Тужениот...
Post Views: 5
Два месеци активно се работи на пешачко рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори. Рокот за комплетна реализација на овој проект, изградба на пешачка патека во должина околу 500 метри, вреден околу 300 000 евра, е 12 месеци. Портпаролот на Секторот за комунални дејности Љупчо Танесеки, вели дека во тек се земјените работи, односно ископување на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи.
„Засега сме задоволни од динамиката и интензитетот...
Post Views: 3
Eколошките граѓански организации отворено го искажуваат ставот дека се против идејата на општината Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата „Лабино“. Од граѓанската платформа „Охрид SOS“ истакнуваат дека проектот „Waternet,“, е во рамки на погранична соработка на Охрид и Воден, а со цел да се промовира важноста на водата, да се развие прекугранична заштита на водните средини и да се засили едукацијата. Според екологистите изградбата на авантуристички парк во шума нема да придонесе за исполнување на овие цели.
„Општина Охрид, без никаква...
Post Views: 8
Александар Коловски е победник на 38миот светски натпревар во Кастелфидардо, Италија во сениорска категорија за вариете музика.
Тој пред две години победи во сениорска категорија за класична музика во Кастелфидардо. И со сегашнава награда станува по четврти пат светски првак.Кастелфидардо важи за најреномираниот натпревар за хармоника во Италија кој пак се одржува во склоп на фестивалот Кастелфидардо кој годинава ја одбележа 150 годишнината од постоењето.
Кастелфидардо е натпревар со огромна традиција каде можат да се забележат најпознатите имиња од светската јавност...