Александар Колоски е најдобриот хармоникаш на светот

Александар Коловски е победник на 38миот светски натпревар во Кастелфидардо, Италија во сениорска категорија за вариете музика.

Aleksandar Koloski
Александар Колоски

Александар Коловски е победник на 38миот светски натпревар во Кастелфидардо, Италија во сениорска категорија за вариете музика.

Тој пред две години победи во сениорска категорија за класична музика во Кастелфидардо. И со сегашнава награда станува по четврти пат светски првак.Кастелфидардо важи за најреномираниот натпревар за хармоника во Италија кој пак се одржува во склоп на фестивалот Кастелфидардо кој годинава ја одбележа 150 годишнината од постоењето.

Aleksandar KoloskiКастелфидардо е натпревар со огромна традиција каде можат да се забележат најпознатите имиња од светската јавност во однос на музиката за хармоника. На овој фестивал се натпреваруваа повеќе од 500 натпреварувачи од сите краеви на светот, а меѓу најпознатите победници од изминатите години може да се споменат имињата на Јури Шишхин, Александар Селиванов, Ренѕо Руигиери, Ричард Галиано и мнодгу други… Овде се наоѓаат и најпознатите фабрики за изработка на хармоника на најпознатите брендови како што се Армано Бугари, Пигини, Балоне Нурини, ЗероСете.
Еве што накратко ни изјави Александар по добивањето на ова големо признание

– Сакам да кажам дека ми е пособено драга оваа награда, бидејќи втор пат доаѓам на голем светски натпревар во категорија за вариете музика, а сам се подготвуав за изведбата…Да се седне на тоа столче воопшто не е лесно доколку немате претходно искуство. Срекен сум ,бидејќи оваа категорија беше сочинета од познати и одлични натпреварувачки имиња, добро познати од страна на светската јавност за хармоника… Моментално сум во Франција и се подготвувам за следните мои настапи кои ке ги откријам подоцна.

– Би сакал да се заблагодарам на Министерството за култура кои непрекинато ме поддржуваат финанскиски во изминатите години за овие големи светски натпревари и се надевам дека и некои други институции во иднина ке покажат желба за поддшска на младите уметници кои најперспективно ја претставуваат Македонија надвор од границите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top