Post Views: 2
Во Македонија годишно има по 700 нови пациенти со дијагностициран карцином. До пред неколку години, оваа бројка изнесуваше само 100. Годишно се оперираат по 400 жени.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, со преку 7,6 милиони случаи годишно, малигните заболувања се водечка причина за смртност во светот.
Предвидувањата на СЗО е дека смртните случаи предизвикани од малигни заболувања до 2030-та година ќе ја достигнат бројката од 11 милиони жители.
Во Македонија малигните неоплазми се на второ место во структурата на причините за смрт на населението,...
Post Views: 4
Охридските ракометари интензивно се подготвуваат за натпреварот со екипата на Радовиш кој треба да се одигра во недела. Тие атакуваат на победа за која како што велат ќе треба максимално да се потрудат бидејќи ќе играат со една искусна и силна екипа.
Во оваа наша лига сите екипи се рамноправни и сите се борат за плеј оф така и екипата на Радовиш која има доста искусни играчи па не смееме да дозволиме никаков кикс бидејќи тие знаат тоа да го искористат. Ние максимално треба да играме од првата минута за да победиме, вели ракометарот Бобан Блажески.
Атмосферата во клубот...
Post Views: 2
Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје. Директорот Љубе Ѓоршоски вели дека според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозапдниот плански регион. „Единствено неможе да се...
Post Views: 8
Радмила Шекеринска, носителот на кандидатската листа на СДСМ во 5-та изборна единица, денес меѓу охриѓани. Таа порача дека Охрид е македонскиот туристички центар и по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува. Кажа дека веќе е направена стратегија за развој на активниот туризам, во која, акцент ќе се стави на зачувувањето на културното богатство и враќањето на сјајот на балканскиот бисер.
Преземаме обврска во нашиот план за живот во Македонија во Охрид да ги заштитиме сите негови богатства, споменици кои се од значење за целата земја. Со страв и вознемиреност...
Post Views: 0
Во периодот јануари-јуни 2021 година, наместо планираните 866 инспекциски надзори, реализирани се 1.132 инспекциски надзори, или 30% повеќе од планираното. Во 2020 година биле реализирани вкупно 947 инспекциски надзори, односно во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе, или забележан е раст од 20%, стои во полугодишниот извештај на Државниот инспекторат за животна средина
Утврдени се 363 неправилности/законски повреди, за кои се издадени Решенија за нивно отклонување. За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021...
Post Views: 1
Незаборавните наслови на романи „Време на црвените рози“,„Пиреј“, „Пасквелија“, „Големи и мали“, „Прличев горд самиот“, „Црно семе“, „Гоце Делчев“, „Автобиографија на Григор Прличев“ и „Крпен Живот“, пренесени на аудио звук на ЦД издание. Од денес во рамки на охридската библиотека „Григор Прличев“ функционира звучна библиотека, проект кој го уреди новинарот Милчо Јованоски, а носител е Елена Долоска, која се јавува како наратор на ЦД изданијата и Сузана Стојкоска исто така во улога на наратор, како што појасни директорката на установата Александра Белевска Танеска....
Post Views: 2
Голем дел од средствата од ИПА фондовите наменети за социјална заштита не се искористени. Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, организира обуки за вмрежување на Центрите за социјална работа со невладините организации. Како што појаснува Христијан Петрушев, помлад истражувач во Институтот за демократија, целта е центрите и невладиниот сектор заеднички да аплицираат за проекти, како би се искористиле сите средства од ИПА фондовите кои се неповратни.
„Средствата кои што се од оваа линија за социјална заштита би можеле да се искористат во насока на подобрување...
Post Views: 2
Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека можно е веќе на почетокот на идната година Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО.
Еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ во текот на вчерашниот ден иницираа жалба пред постојниот комитет на Бернската конвенција на Советот на Европа во Стразбур поради сомнежот дека планираните развојни проекти на брегот на Охридското езеро и Н.П „Галичица“ ќе нанесат штета на дури 260 строго заштитени видови на животни и нивните живеалишта.
„Сметаме дека државата не може да ги...
Post Views: 1
Милитантите на Исламската држава го окупираа и последниот дел од границата помеѓу Сирија и Ирак која ја контролираше сириската влада, јавува една група на сириски активисти.
Владините сили се повлекле од Ал Танфа и Исламска држава почна да влегува во тој регион. Превземањето на Ал Танфа се случува отакако беше превземена Палмира во четвртокот.
Официјални лица на САД изјавиле дека ќе биде изнимно тешко да се борат со милитантите.
Исламската држава сега контролира повеќе од 50% на територијата на Сирија, а своја контрола имаат над провинциите Деир Езор и Рака, а присутни...
Post Views: 1
Овоштарите од охридско имаат потреба од стручна едукација во областа на фитосанитарната заштита на растенијата. Тоа ги вклучува и насадите со цреши и јаболка. Во рамките на Твининг проектот на Европска унија италијански експерти ги пренесоа искуствата. Тие во соработка со македонските фитосанитарни инспектори од Факултетот за земјоделство и шумарство и охридското здружение „ Охридска черешна 2015“ организираа трибина за интергирано производство.
„Ние сме збунети од климатските промени. Не секогаш успеваме на време да реагираме со соодветни препарати или примена...
Post Views: 0
Комплетирањето на тротоарите на овие две улици догодина ќе биде дел од програмата на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици.
Пред три години локалната самоуправа ги уреди тротоарите од едната страна на двете многу фрекфентни улици во градов, улиците „АСНОМ“ и „Сирма Војвода“. Со овие зафати делумно беше решен проблемот со безбедноста на пешаците кој беше навистина сериозен поради фрекфентноста особено на улицата „АСНОМ“. Со завршувањето на изградбата на станбениот комплекс на оваа улица беа завршени и дел од тротарите со што изведувачите си ги исполнија обврските....
Post Views: 1
Собранието го донесе законот за авторски и сродни права, со кој е утврдено дека сите телевизии ќе мора да пуштаат осум часа неделно македонска музика.
Со измените, Владата на Република Македонија ќе ја носи предлог тарифата по која ќе се наплаќа за авторските права, но притоа ќе се има предвидид и фондот за снимање нова македонска музика заради обврската да се пушта македонска музика.
– Системот за електронско евидентирање на авторските дела ќе овозможи правилно наплаќање на авторските права. Доколку тој не се инсталира во радиотелевизиските организации предвидена...