Охридските ракометари пред нов предизвик

Охридските ракометари пред нов предизвик. Во недела играат со екипата на Радовиш и атакуваат на победа. Ги повикуваат навивачите да дојдат на натпреварот во што поголем број и да им дадат поддршка, а тие ќе направат се да им пружат добра игра.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридските ракометари интензивно се подготвуваат за натпреварот со екипата на Радовиш кој треба да се одигра во недела. Тие атакуваат на победа за која како што велат ќе треба максимално да се потрудат бидејќи ќе играат со една искусна и силна екипа.

Во оваа наша лига сите екипи се рамноправни и сите се борат за плеј оф така и екипата на Радовиш која има доста искусни играчи па не смееме да дозволиме никаков кикс бидејќи тие знаат тоа да го искористат. Ние максимално треба да играме од првата минута за да победиме, вели ракометарот Бобан Блажески.

Атмосферата во клубот е на високо ниво, а играчите се убедени дека се фаворити во секој од натпреварите од Супер лигата, а дека и овој пат играта на домашен терен ќе биде во нивна корист.

Долго се подготвувавме за овој натпревар со Радовиш, веќе скоро две недели бидејќи клубот од Радовиш има силна и искусна екипа, очекуваме голем број публика која ќе не бодри, ние ќе се покажиме во најдобро светло, и ќе извојуваме победа, вели ракометарот Бојан Спасоски.

Ракометарите ги повикуваат навивачите да дојдат на натпреварот во што поголем број и да им дадат поддршка, а тие ќе направат се да им пружат добра игра која ќе резултира со победа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top