Post Views: 1
Охридските угостители со позитивни впечатоци од тоа како изминаа новогодишните празници. Локалите полни, понудата разновидна, а гостите задоволни. Најважно од се е дека во сите угостителски објекти забавите поминале без никакви инциденти, вели Михаил Мишев, претседател на еснафот на охридските угостители. Покрај домашните еден добар процент од гостите беа од странство што ни дава за право да се надеваме дека ќе имаме успешна летна сезона, додава тој.
Јас не можам да разберам од каде доаѓаат такви дезинформации. Ние навистина не вршиме ама баш никакви корекции на цените....
Post Views: 20
Со училишен саем на секции, спортски активности и хуманитарна аукција, се одбележа 22-ри Декември патронатот на основното училиште „Кочо Рацин“. Учениците продаваа колачи и пецива со цел да соберат што повеќе парични средства кои ќе имаат хумана цел. Аукцијата се одржа на иницијатива на Советот на родители од училишетето, а беше поддржана од наставничкиот колктив на училишетето напоменува Горан Велјаноски, претседател на Советот на родители.
„ Овој настан е хуманитарен и собраните средства ќе се донираат во две семејства – за лекување на еден поранешен ученик ...
Post Views: 9
За Бадник на градскиот плоштад членови на охридскиот Ротаракт клуб ќе делат сирење и варено вино, а собраните средства од акцијата ќе одат во хуманитарни цели.
Охридските ротаријанци на Бадник во нова хумана мисија. Секогаш присутни кога помошта е најпотребна, малдите членови на Ротаракт клубот од Охрид се надеваат дека собраните средства од акцијата, ќе помогнат во решавање на проблемите на некој од нашите сограѓани.
„Од 12 до 15 часот Ротаракт клубот од Охрид во рамките на своите годишни програмски активности ќе организира хуманитарна акција на која на посетителите...
Post Views: 0
На европските берзи денес цените на акциите се во остро паѓање бидејќи на Грција ѝ се заканува банкрот и излегување од еврозоната, откако во неделата не беше постигнат никаков напредок во преговорите за решавање на грчките должнички проблеми.
Лошото расположение на пазарите е последица на уште еден пропаднат обид за пронаоѓање на решение за грчките долгови. Во неделата состанокот помеѓу претставникот на грчката влада и нејзините кредитори траел помалку од еден час и не вродил со никаков напредок.
Европските официјални лица инсистираат на намалување на пензиите и зголемување...
Post Views: 5
Бродовите „Александрија“ 1 и 2 по симболична цена ќе пловат до манастирот „Св.Наум“. Билети сите заинтересирани може да се набават исклучиво на градското пристаниште и тоа уште денес.
Убавото време за празнициве ги измами туристите да уживаат во бродските тури низ езерово. Охридските бродари задоволни од интересот кој и домашните и странските туристи го пројавија за уживање во секогаш атрактивните тури.
„Во принцип времето помогна, времето беше убаво интерес имаше направивме неколку релации со бродовите и за Св. Наум и тука едночасовни крстарења, беше убаво задоволително.Бродовите...
Post Views: 4
Родителите кои свесно ги злоупотребуваат своите деца за да питачат, ќе се соочат и со затворска казна. Со предлогот на новиот закон за семејство, по првата опомена следува постапка за одземање на родителското право, а доколку родителите и натаму ги тераат децата на питачење, ќе се соочат со казна затвор од една до десет години.
Годинава во 23 случаи било одземено родителското право, а над илјада деца низ Македонија, секојдневно питачат. Строги казни ќе има и за социјалните работници.
Ова се најновите измени во Законот за семејство, со кои се предвидуваат строги казни...
Post Views: 4
Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата.
Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е веќе...
Post Views: 2
Четврта година по ред, со фенер и ѕвездички во рака, пеејќи ја традиционалната христијанска бадникова песна „Вечниот Бог“ ќе се одржи „Свечена бадникова поворка за навестување на христовото раѓање“. Годинава кон поворката ќе се вклучат повеќе од 300 дечиња од охридските училишта од претшколска возраст па се до 9-то одделение, објаснува Летка Филипова -член на организационен одбор „Свечена бадникова поворка за навестување на христовото раѓање“.
„Утре во среда во 13 часот ќе ни биде генералната проба во ОУ „Христо Узунов“, пворката ќе биде во петок, на Бадник ден пред...
Post Views: 8
Успешна трансплантација на бубрег. Дукадинка Рајчиноска, која години наназад живееше на апаратите за дијализа, сега нема потреба од нив. Денес со полни раце подароци по повод престојните празници, во нејзиниот дом во струшкото село Мислешево, во посета беа од НВО „Езерка“. Како што кажува Драгица Павлеска Попеска од Езерка, Дука е нивна долгогодишна пријателка и често од хуман аспект и помагаат онолку колку што се во можност.Дукадинка со нетрпение не дочека. Таа е пресреќна што помина едно големо премрежје во нејзиниот живот, и сега зад себе ги остави апаратите за дијализа...
Post Views: 0
Внимавајте што и од каде купувате. Внимателно читајте ја декларацијата на производите и нека не ве залажуваат празничните попусти да пазарувате од непроверени места, советуваат од Организацијата на потрошувачи. Посебно да се води сметка од каде се купуваат детски играчки да не се увезени на црно и да немаат некои вештачки бои и материи кои можат да бидат опасни по здравјето на дечињата. Отворете очи и кога купувате храна и пијалоци, вели Вангел Спироски, од охридската ОПМ. Тој додава дека за време на празниците и пред тоа граѓаните многу често купуваат техничка стока...
Post Views: 3
Министерството за економија ја објави листата на одобрени Потврди за користење на средства за домашен туризам во износ од 12.000 денари.
Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од пријавените угостителски објекти за сместување, објавени на веб- страната на Министерство за економија.
Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од...
Post Views: 0
Претседателката на советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска и поска добредојде на Леона, најмладата и првата жителка на Охрид во 2017-та година. Традиционално од претседателката на Советот мајката на Леона, Нела Најдеска Василеска, покрај букет цвеке, доби и чек со 10.000 денари, како подршка на семејството во овие први денови за доаѓањето на приновата дома.
„Секако на овој начин сакаме да потенцираме дека она што е најголемо богатство на секој град па и на нашиов, тоа се најмладите жителеи, генерации кои треба да го наследат градот и грижата за него. Денешниот чин...