Уште една атрактивна туристичка понуда за празнициве

Бродовите „Александрија“ 1 и 2 по симболична цена ќе пловат до манастирот „Св.Наум“. Билети сите заинтересирани може да се набават исклучиво на градското пристаниште и тоа уште денес.

 |   | 

Бродовите „Александрија“ 1 и 2 по симболична цена ќе пловат до манастирот „Св.Наум“. Билети сите заинтересирани може да се набават исклучиво на градското пристаниште и тоа уште денес.

Убавото време за празнициве ги измами туристите да уживаат во бродските тури низ езерово. Охридските бродари задоволни од интересот кој и домашните и странските туристи го пројавија за уживање во секогаш атрактивните тури.

„Во принцип времето помогна, времето беше убаво интерес имаше направивме неколку релации со бродовите и за Св. Наум и тука едночасовни крстарења, беше убаво задоволително.Бродовите се затоплени така да и ако е надвор сончево не се осеќа надвор никаков проблем“ вели Зоран Гилески – бродар – „Александрија 1 и 2“.

Веќе неколку години традиционално, по повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, бродовите Александрија 1 и 2 пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од само 100 денари.Така ќе биде и годинава објаснува Гилески, сеќавајки се како започнале со оваа сега веќе традиција.

„Има некаде седум осум години имаше голем снег и не замолија од црквата,да ги донесиме верниците од Пештани од Охрид за празникот Св. Наум и тоа стана традиција по симболична цена од 100 денари за повратен билет, картите се пуштени во продажба“ раскажува Зоран Гилески – бродар – „Александрија 1 и 2“.

Бродовите во четврток, за Св. Наум ќе тргнат од Охридското пристаниште вo 8 часот, а во Пештани во 8.30, a на пристаништето кај манастирскиот комплекс Св. Наум бродовите ќе бидат околу 9:15. Билети може да се набават исклучиво на градското пристаниште.
Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top