ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот 22-ри Декември

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот 22 Декември.

 |  Валентина Неловска  | 
аукција

Со училишен саем на секции, спортски активности и хуманитарна аукција, се одбележа 22-ри Декември патронатот на основното училиште „Кочо Рацин“. Учениците продаваа колачи и пецива со цел да соберат што повеќе парични средства кои ќе имаат  хумана цел. Аукцијата се одржа на иницијатива на Советот на родители од училишетето, а беше поддржана од наставничкиот колктив на училишетето напоменува Горан Велјаноски, претседател на Советот на родители.

aukcija„ Овој настан е хуманитарен и собраните средства ќе се донираат во две семејства – за лекување на  еден поранешен ученик  од ова училиште и за еден првоодделенец од подрачното училиште, кој неодамна имаше хируршки зафат“, вели Велјаноски.
 
Родителите, чии деца посетуваат настава во  ОУ„Кочо Рацин“  напоменуваат дека секогаш се подготвени да помогнат онаму каде што е потребно. Најавуваат наскоро уште еден настан – ученички натпревар кој ќе има хуманитарна димензија.  

 „Вакви хумани акции треба да се одржуваат почесто, односно онолку колку што е потребно за да им се помогне на луѓето кои имаат потреба“, додава Крстев.

аукцијаИнаку, училиштето кое го носи името на големиот македонски револуционер и поет Кочо Рацин постојано бележи успеси. Во периодот меѓу двата патронати учениците постигнале значајни области и се закитиле со награди, напоменува директорката на школото Соња Милеска. Милеска ги посочува и претстојните планови за подобрување на условите во училиштето.

„Како шлаг на оваа 2015 година меѓу двата патронати  e највата за изградба на спортската сала, која треба да се случи во текот на идниот месец, а најавена е и санација на кровот, таваните и електричната мрежа во училиштето“, подвлекува Милеска.

ОУ „Кочо Рацин“ со централното и подрачното училиште брои 382 ученици, а за нивната едукација се грижат 43 наставници.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top