Леона Василевска е првото бебе родено во Охрид во новата 2017-та година

Тешка три килограми и 100 грама, Леона на свет дојде во гинеколошкото одделение при општата болница и е жив доказ дека имаме подобрување на неонаталната слика на градов.

 |   | 

Претседателката на советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска и поска добредојде на Леона, најмладата и првата жителка на Охрид во 2017-та година. Традиционално од претседателката на Советот мајката на Леона, Нела Најдеска Василеска, покрај букет цвеке, доби и чек со 10.000 денари, како подршка на семејството во овие први денови за доаѓањето на приновата дома.

„Секако на овој начин сакаме да потенцираме дека она што е најголемо богатство на секој град па и на нашиов, тоа се најмладите жителеи, генерации кои треба да го наследат градот и грижата за него. Денешниот чин е само една од мерките кои општината ги презема во насока на зголемување на наталитетот, подршка на семејствата со мали дечиња, а тука смеда им честитаме нова година на оние кои се грижат за подмладокот, новородените дежурната екипа од одделението за гинекологија и акушерство при општа болница“ Гордана Коњаноска – престедател на Совет на Општина Охрид.

Тешка три килограми и 100 грама долга 50 сантиметри, Леона на свет дојде во гинеколошко-акушерското одделение при општата болница, со царски рез од мајка прворотка вчера во 14 часот и е жив доказ дека имаме подобрување на неонаталната слика на градов.

„Мајката е во добра општа состојба и бебето е во добра општа сосотојба и од име на целата екипа тимот на гинеколозо, анестезиолози неонатолози, средниот и помошниот персонал на мајката и поскавуваме добро здравје,а на добиеното новороденче многу среќа во животот.Со задоволство сакам и ова да го кажам бидејќи имаме благ пораст на продоувања во споредба со 2015-та година, гравитираат и пациенти од другиве општини, Општина Струга, Ресен, Дебар и Кичево и сакам да кажам дека второто бебе кое е родено на одделение, спонтано од мајка второротка е од општина Струга е стружанче исто така женско бебе“ објасни Д-р. Мимоза Влаши – специјалист гинеколог акушер.

Во соседна Струга пак, првото бебенце во новата 2017-та година е машко, а на свет го донесе мајката Нермин Рустемоска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top