Post Views: 12
Свикана деветтата седница на Советот на Општина Охрид на ден 15.03.2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 6-та седница
Предлог-одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите.
Предлог-одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица.
Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето...
Post Views: 8
Градоначалникот на Општина Охрид објавува конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви.
Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, Општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2022 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:
сметководство;
дактилографија на компјутер;
курс за ЦНЦ машини;
основен курс за компјутери;
officeканцелариски...
Post Views: 2
Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери.
Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта” во недела не работи. Исто така и во Грција, од каде што се набавува горивото,...
Post Views: 7
Меѓународниот ден на жената (8-ми март) е празник кој во својата суштина ги содржи економските, политичките и општествените достигнувања на жените и нејзината борба за родова рамноправност.
Првите јавни демонстрации на жените вработени во текстилната индустрија биле организирани на 8 Mарт 1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Протести на истиот датум се случувале и наредните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15 илјади жени марширале низ Њујорк барајќи пократко работно време, подобри...
Post Views: 0
Работна средба помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, се одржа деновиве во кабинетот на градоначалникот.
На средбата градоначалникот и министерката разговараа за меѓусебната соработка, особено во делот што се однесува на УНЕСКО, како и за подобрување на комуникацијата помеѓу сите засегнати институции и организации. Градоначалникот ја запозна министерката со тековните проекти кои се одвиваат во градот, како и за активното учество на Општина Охрид во изработката на трите планови за Охрид и за процесот со дислокација...
Post Views: 19
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека вакцините се отровни. Иако експлицитно не се наведува видот на вакцината, сепак, поради тоа што повеќепати од страна на антивакцинални кругови е проширена дезинформацијата дека вакцините против ковид-19 се отровни, а и поради контекстот на масовна имунизација против ковид, може да се заклучи дека се алудира на овие вакцини.
Арно ама, не е вистина дека вакцините против ковид содржат отров. Во минатото во повеќе различни наврати, се тврдеше дека ,,отровот” потекнува од различни места , на пример, дека вакцините содржат...
Post Views: 3
Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати од Ковид-19 биле невакцинирани. Во изминатите 24 часа има пријавено и 6.007 новозаразени. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 1341 се новопримени во болниците во Бугарија, а 90,16% од нив не се вакцинирани.
Дозите на вакцините против Ковид-19 кои досега се аплицирани во Бугарија се вкупно 2.874.721, од кои 14.545 се за последните 24 часа. Бројот на починати од почетокот на пандемијата коронавирусот е 24.309.
Ситуацијата е критична, се соочуваме со огромна закана и тоа бара заедничка акција. Повикуваме...
Post Views: 9
На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра.
Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.
Post Views: 15
Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје.
Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.
По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз.
На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва...
Post Views: 5
Охридско-струшкиот регион ќе воведува пристапен туризам. Невладината „Порака Нова” од Струга е првата организација во земјава, која што стана членка на Меѓународната организација и Европската мрежа за пристапен туризам.
Ќе се работи на проекти за туристичките атракции, музеите, црквите, културно историските споменици и плажите вдолж брегот на Охридското езеро да станат пристапни и за инвалидизираните лица.
Сега веќе почнуваме проекти за воведување на пристапниот туризам и се надеваме дека во скоро време би отвориле и социјално претпријатие кое би нудело услуги...
Post Views: 25
Министерството за култура годинава за реализација на проектите на Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, издвои нешто повеќе од 12 милиони денари или за 4 милиони денари повеќе од 2021 година. Станува збор за средства кои во најголем дел ќе се искористат за реализација на проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство од програмата на НУ Завод и Музеј Охрид, објаснува директорот Мишко Тутковски.
Тука пред се е започнувањето на работите на куќата на Момирови, лоцирана над античкиот тесатар и во сопственост на охридскиот Завод и музеј, за...
Post Views: 8
Во врска со содржината со наслов „До кога Рамстор ќе ги узурпира тротоарите пред објектите?“, објавена на нашиот портал tvm.mk во рубриката „Ти си твојот град“ која ја креираат граѓаните, до нашиот медиум стигна демант од фирмата МИБ Конструкција ДОО Охрид.
Тие демантираат дека се узурпирани тротоарите и јавната површина, како што беше наведено во текстот кој ни го испрати наш сограѓанин заедно со видеото и сликите.
ДО КОГА „РАМСТОР“ ЌЕ ГИ УЗУРПИРА ТРОТОАРИТЕ ПРЕД ОБЈЕКТИТЕ?!
Во демантот, меѓу другото, велат дека се работи за простор кој е во склоп на деловниот простор...