Над 12 милиони денари за реализација на проекти на НУ „Завод и музеј“ Охрид

Годинава со средства од Министерството за култура, охридскиот Завод и музеј ќе започне со реставрација на куќата на Момирови во Охрид, куќата на Кира Калајџиска во Вевчани и објектот на таканаречената „Народна одбрана“ во Струга. Со Годишната програма е предвидена реализација на вкупно 30 проекти, информира директорот Мишко Тутковски.

 |   | 

Министерството за култура годинава за реализација на проектите на Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, издвои нешто повеќе од 12 милиони денари или за 4 милиони денари повеќе од 2021 година. Станува збор за средства кои во најголем дел ќе се искористат за реализација на проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство од програмата на НУ Завод и Музеј Охрид, објаснува директорот Мишко Тутковски.

Тука пред се е започнувањето на работите на куќата на Момирови, лоцирана над античкиот тесатар и во сопственост на охридскиот Завод и музеј, за што се одвоени 4 милиони денари. Тука се и два објекти еден во Вевчани за кој се издвоени 1.5 милиони денари куќата на Кира Калајџиска и објектот на таканаречената „Народна одбрана“ во Струга, финансиран со 2.5 милиони денари – истакна Тутковски.

Со Годишната програма е предвидена реализација на вкупно 30 проекти, информира директорот Мишко Тутковски. Значителни суми се издвоени за конзервација и реставрација на базиликата кај Св. Еразмо, каде минатата година имаше значителни активностиработи посочи директорот.

Оваа година ќе започнеме логично со конзервација на архитектурата на самата базилика, проект за кој се издвоени 500.000 денари, а исто толкава сума добивме за извршување на повеќе активности на цитаделата од Самоиловата тврдина – вели Тутковски.

Покрај Самоиловата тврдина која е нераздвоен дел од туристичката понуда на регионов, ќе продолжат и работите за санација на Музејот на вода, исто така еден од најпосетуваните локалитети во земјава и тоа и преку дополнителен прилив на финансиски средства кои доаѓаат од посетителите на локалитетите и музеите, но со тие средства може само да се кофинансираат одредени проекти или истите да се искористат за подобрување на условите за работа објаснува директорот.

Во годишната програма, додава Тутковски, за заштитата на недвижното културно наследство се издвоени 10.5, милиони денари, за музејска дејност се издвоени 1.3 милиони денари, а за визуелни уметности архитектура и дизајн 340,000 днари, суми кои се задоволителни, вели Туткоски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top