Post Views: 0
Привршуваат подготовките за големиот верски празник Богојавление Водици. Точно во 10 часот од Светилникот на пристаништето, Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Во таа насока членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското Езеро кај пристаништето каде треба да биде спроведено положувањето на Светиот крст во осветените води. Исто така екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања – напиша градоначалникот...
Post Views: 4
Охридската фирма „Експрес Димакс“ при пообилни врнежи од снег ќе ги чисти населбите северно од булеварот „Железничка“, улиците под булеварот „Железничка“, и селата во рамките на Националниот парк Галичица. Ова фирма беше единствена која се јави на врториот јавен повик кој го распиша општината. Локалната уште пред еден месец го распиша првиот тендер за изнаоѓање фирми кои ќе се нафатат да ги исчистат патиштата во руралните средини од снег и мраз и за таа намена од буџетот издвои 1 500 000 ден. Тендерот се состоеше од четири дела, но тогаш само четвртиот кој ги опфаќаше...
Post Views: 0
Охрид во втората половина од август е домаќин на светската пливачка елита. Со низа натпреварувачки настани од меѓународен карактер и едукативни семинари пливањето ќе го заземе заслуженото место.
Како што информира Пливачката федерацијата на Македонија предводена од Александар Маленко на денешната прес конференција, утре со почеток во 16 часот ќе се одржи ЛЕН-Европски Куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина на 10км.
Се очекува да учествуваат 33 пливачи од 14 земји, меѓу кои и 6 од земјава.
Во овој момент Охрид е центар на водените спортови нашиот сон кој макортпно...
Post Views: 2
Пропадна тендерот за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“ наспроти хотел Палас. На првата локација со површина од 64м2 предвидено е детско игралиште за забава на отворено, а на другата локација со површина од 40 м2 на местото на постоечкиот шанк познат како Сквер Жиголо, предвиден е покриен или непокриен шанк. Општината по втор пат распиша јавен повик за овие локации.
Немаше пријавени на тендерот. Деновиве е повторно распишан јавен повик кој ќе трае до 13ти февруари. Останува јавниот повик со истите услови и сигурни сме дека на повторниот...
Post Views: 1
Јануари е најбогатиот месец со празници. За време на новогодишните, но и за повеќето верски празници, туристичкиот бисер Охрид беше преполн со туристи. Тое во суштина е и првиот показател дека на градот му претстои добра туристичка сезона за 2017 година, смета првиот човек на градот Никола Бакрачески. Статистиката на републичкиот завод како и на општинскиот Сектор за туризам покажуваат одличен тренд на бројот на ноќевања и бројот на гости кои што престојуваат во Охрид во текот на целата година, вели градоначалникот.
„И тоа е нашиот концепт, нашата стратегија за развој...
Post Views: 3
Европската централна банка на состанокот на министрите за финансии на еврозоната изјавила дека не е сигурна дали во понеделник грчките банки ќе отворат да работат, со оглед дека Грците се во страв од банкрот на државата и засилено ги вадат своите пари од банките.
Грција мора до 30 јуни да му исплати на ММФ рата од 1,5 милијарди евра, но грчката каса е празна поради што на земјата и се потребни 7,2 милијарди евра понатамошна помош за да не дојде до банкрот и излегување од еврозоната.
Во страв од таков развој на случувањата од грчките банки само од понеделникот до средата...
Post Views: 6
Среда е крајниот рок кога фирмите на своите вработени треба да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, персонален данок и придонеси.
Ако не го сторат тоа- ќе плаќаат глоба од 3,000 евра, а за одговорното лице казната изнесува 30% од одмерената глобата, информира Управата за јавни приходи. Овие пресметки се неопходни за граѓаните да можат да поднесат Годишна даночна пријава. Задолжително пријава се поднесува ако во изминатата 2016 та лицата освен плата или пензија или приходи од земјоделска дејност, имале и други, дополнителни , како приходи од кирии, авторски...
Post Views: 59
На влезната врата секој сопственик на куче треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно.
Kучето на јавно место задолжително мора да се води со подводник, а ако е опасно, мора да носи и корпа преку устата, освен на специјални места, како паркови за миленици, каде што кучето може слободно да трча во присуство на сопственикот, ова се новите измени и дополнувања на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) на Законот за благосостојбата на животните, со кој, меѓу другото, пишува Дневник
Без подводник може да одат само ловечките кучиња...
Post Views: 3
Јапонски научници ќе ги споделат своите искуства со нивните македонски колеги во областа на заштита на едно од најпознатите нивни езера, а тоа е езерото Бива. Ова природно езеро е национално богатство на Јапонија заштитено со закон и меѓународни конвенции и организации, меѓу кои и УНЕСКО. Тоа е значаен воден ресурс кој со вода снабдува околу 15 милиони жители во префектурата Шига. Езерото е од тектонско потекло и се проценува дека е старо околу 4 милиони години. Се протега на површина од 670 километри квадратни и изобилува со жив свет. Тука живеат 58 ендемски видови,...
Post Views: 10
На последното истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, меѓу 81 општина, Град Скопје и 15 министерства, Општина Охрид е на седмото место на рангирање на генералната скала за транспарентност. Прва според истражувањето е општината Крива Паланка. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески рече дека истражувањето покажало дека според индексот на активна транспарентност во 2016 година, Општина Охрид во околу 70% проценти ги извршувала своите обврски кои ги имала во областа на транспарентност, со што ја добила оценката добро.
Да бидам искрен рангирањето...
Post Views: 3
Топло, ладно. Има, нема или слабо има вода. Ваква е состојбата со водоснабдителниот систем во Струга, на самиот почеток на 2012 есета год. Одговорните имаат оправдување, се спроведува акција за промена на вентили пред водомерите. Директорот на Р.Е. „Водовод“, Ваит Ајро, рече дека веќе три месеци тече оваа акција на правните субјекти во општина Струга. Паралелено со тоа, се исклучува и водата за пиење кај субјектите кои имаат долгови кон ЈП, додава Ајро.Граѓаните на Струга годината што измина ќе ја паметат по тоа што на 31 Декември за дочекот на Новата година останаа...
Post Views: 3
Состојбата со ендемичниот вид охридска пастрмка е повеќе од загрижувачка, тврди Радован Димитриески, претседател на риболовното здружение Св.Апостол Петар. Од сознанијата кои ги имаме од терен за да се врати рибниот фонд во Охридското Езеро се потребни најмногу 40 години, уверува Димитриески. За жал, истребување и се заканува и на белвицата, а за неа ќе требаат 60 години за да се врати во нормала, додава Димитриески.
„Ние сме против вештачкиот мрест. 20 години наназад се врши вештачки мрест, се порибува езерото со 2 милиони рипчиња. Но, за жал, се помалку има охридска...