Привршуваат подготовките за Богојавление Водици

Привршуваат подготовките за големиот верски празник Богојавление Водици. Клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеше дното на Охридското езеро каде што ќе биде положувањето на Светиот крст, а екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат центарот на градот во знакот на Богојавленските празнувања.

 |   | 

Привршуваат подготовките за големиот верски празник Богојавление Водици. Точно во 10 часот од Светилникот на пристаништето, Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Во таа насока членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското Езеро кај пристаништето каде треба да биде спроведено положувањето на Светиот крст во осветените води. Исто така екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.
 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top