• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бакрачески очекува добра туристичка сезона, но и посетеност на градот преку цела година

Бакрачески очекува добра туристичка сезона, но и посетеност на градот преку цела година

Статистиката забележува континуиран раст на бројот на туристи како домашни така и странски, а првиот човек на градот Никола Бакрачески очекува одлична сезона. Охрид има што да им понуди на туристите, но може уште многу да се направи за да се забележи уште поголем раст во текот на целата година, а не само во летните месеци. Бакрачески е убеден дека за неполна декада Охрид ќе биде светска топ дестинација.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Јануари е најбогатиот месец со празници. За време на новогодишните, но и за повеќето верски празници, туристичкиот бисер Охрид беше преполн со туристи. Тое во суштина е и првиот показател дека на градот му претстои добра туристичка сезона за 2017 година, смета првиот човек на градот Никола Бакрачески. Статистиката на републичкиот завод како и на општинскиот Сектор за туризам покажуваат одличен тренд на бројот на ноќевања и бројот на гости кои што престојуваат во Охрид во текот на целата година, вели градоначалникот.

„И тоа е нашиот концепт, нашата стратегија за развој на туризмот се разликува од сите оние претходно, бидејќи она што ние го нудиме како охридска туристичка понуда треба да претставува збир на настани и активности кои треба да провејуваат во текот на цела година, а да не зборуваме за летна туристичка сезона и сезона која трае само во месеците јули и августл. Се надевам дека во тоа успеавме“.

Нашата работа во претходните 4 години се состоеше во агресивна промоција и маркетинг на охридската туристичка понуда и тука веќе се гледаат резултатите, пренесува Бакрачески.

„Охрид како никогаш досега во неговата историја бил промовиран во голем број часописи, магазини, списанија, телевизии, саеми и тоа ќе го правиме уште поагресивно во периодот што престојува, но маркетингот и промоцијата треба да бидат добро осмислени со добра туристичка понуда во кој ќе има нови содржини, активности и елементи кои што ќе бидат организирани во текот на целата година“.

Бакрачески убедува дека престојат денови на организација на крупни и нови активности кои ќе ја збогатат туристичката понуда на Охрид. Според него тие ќе претставуваат квалитетно и квантитетно нови содржини кои би биле допадливи и атрактивни за сите оние гости кои што сакаат да го посетат Охрид во било кој ден од годината, а не само во летните месеци, бидејќи градот има што да понуди и на културно, историско, природно и духовно ниво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top