• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Втор тендер за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“

Втор тендер за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“

Втор тендер за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“. Откога на првиот не се јави ниту еден заинтересиран за поставување детски реквизити и шанк на овие две локации, Локалната распиша втор јавен повик. Условите остануваат исти како во првиот и нема никаква корекција за цената кој треба да се плати за метар квадратен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Пропадна тендерот за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“ наспроти хотел Палас. На првата локација со површина од 64м2 предвидено е детско игралиште за забава на отворено, а на другата локација со површина од 40 м2 на местото на постоечкиот шанк познат како Сквер Жиголо, предвиден е покриен или непокриен шанк. Општината по втор пат распиша јавен повик за овие локации.

Немаше пријавени на тендерот. Деновиве е повторно распишан јавен повик кој ќе трае до 13ти февруари. Останува јавниот повик со истите услови и сигурни сме дека на повторниот јавен повик ќе имаме понуда, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

За Локација за поставување покриен шанк, почетната цена изнесува 1 500 денари по м2 месечно. Минималниот износ со кој може да се лицитира од моментот на највисоката понуда изнесува 1 денар, а максималниот износ со кој може да се лицитира изнесува 5 денари. Почетната цена за игралиштата на отворено е 250 денари по м2.

Не сметаме дека цената е висока , но да почекаме и да видиме дали и колку заинтересирани ќе се јават и колку од нив ќе ги исполнат условите кои се наведени во јавниот повик а кои се утврдени со годишната програма за поставување урбана опрема, вели Џамтоски.

Договорите за поставување урбана опрема ќе се попишат на времетраење од пет години. Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, под услови утврдени со јавниот оглас.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top