Танасовден го слават и Балканските Египќани

Post Views: 1   Верскиот празник Св. Атанасиј Велики покрај православните христијани го слават и Балканските Египќани. Овој светец се смета дека е еден од најпознатите светци во христијанската религија, а Господ Бог му предодредил тој да се бори против мразот и студот. Околу симболиката зошто овој светец го слават и припадниците на заедницата на Балканските Египќани, за ТВМ открива хроничарот м-р Димитар Смилески. Тој кажува дека египќаните Танасовден го слават два дена, 30 и 3ви јануари. „Нивниот обичај се состои во тоа што тие за тој ден земаат еден петел го чуваат и го чекаат да...

Continue reading

Чистење на речното корито на „Сушица“

Post Views: 2 Општина Охрид започна со работни активности за чистење на речното корито на река „Сушица“ на улица „Прилепска“, на потегот од крстосницата со улица „Радојца Новичиќ“ до крстoсницата со улица „Будва“. Со помош на механизација се врши чистење на дивата и обрасната вегетација и се прави ископ на натрупани наноси од земја. Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, во делот за чистење и одржување на реки, речни корита и канали. Според планираното, во текот на наредниот период, ќе се врши чистење и на останатите речни...

Continue reading

Ветеринарни инспектори ја почна акцијата за уништување на живината во Мороишта

Post Views: 1 Денеска започна уништувањето на 3000 птици  во Мороишта по појавата на птичји грип на семејни живинарски  фарми. Направен е попис на  105 селски  домаќинства  по што следува  уништување и  спалување на живината. Жителите на Мороишта се вознемирени од присуството на ветеринарите и полицијата, но не и од болеста птичји грип.   – „Не било опасно по здравјето на луето па не сме многу загрижени. Институциите ќе ја завршат работата како што треба така да не сме многу загрижени“.– „Имам живина некои 20 кокошки ,  ветеринарна требаше да направи некоа дезинфекција...

Continue reading

Лажна вест е дека Фатиме Фетаи е позитивна на коронавирус!

Post Views: 4 Пишува Ване Трајков Рецензираме текст со наслов „Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’ во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација. Освен тоа, непроверената информација се доведува во корелација и со ,,криминалното правосудство на Зоран Заев кое ја крие ова работа’’ и покрај...

Continue reading

Комуналец ги чисти охридските улици од абразивните средства

Post Views: 1 Во изминатиот период екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на отстранување на абразивните средства (сол и песок), кои беа фрлени во големи количини поради ладните температури и врнежите од снег. Ангажирани се сите вработени на “Јавна хигиена” при што се започна со чистење од центарот према периферијата на градот.

Continue reading

ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум

Post Views: 1 ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум кој е пропишан со закон и кој е задолжителен за да може да се одржи биодиверзитетот во реката Црн Дрим. Ова доаѓа после бурните реакции од страна на експертите, еколозите, медиумите и граѓаните за екстремно ниското ниво на Охридското Езеро. Досега се испуштале по 7 кубни метри вода во секунда, а од денес ќе се испуштаат 3,5 до 4 метри кубни во секунда. Додека на охриѓани пред очи им полека им се празнеше езерото и тоа драстично и во многу краток период ЕЛЕМ и УХМР не можеле да се усогласат...

Continue reading

Официјално е достапна опцијата за поништување испратен e-mail

Post Views: 1 На сите им се случило електронската пошта која сме ја испратиле да не била наменета за тој што сме ја пратиле или уште полошо содржината на пораката да не е соодветна за тој што ќе ја прими, но Google воведе алатка со која ќе се избегнат непријатности.Причините за кои се сака повлекување на пораката воопшто и не се важни туку е важно дека оваа опција постои и станува интегрален дел од Gmail, еден од најпопуларните сервиси за електронска пошта во светот. Иако веќе шест години постои опцијата “undo send” (не за сите корисници) сепак таа сега станува и официјално достапна...

Continue reading

Нивото на Охридското Езеро е -11 сантиметри под дозволента кота

Post Views: 2 Нивото на Охридското Езеро е -11 сантиметри под дозволента кота која изнесува 693,10. Дозволениот максимален минимум е 693,07 или -7 сантиметри од најниската кота што значи дека сега дури за 4 сантиметри нивото е пониско од минимумот. Ова се најновите податоци од УХМР од каде екипа на хидролози денес беа на лице место да го мерат нивото на езерото. Добро е што јавноста реагира. Ние како УХМР сме на лице место и потврдуваме дека водостојот е многу низок и треба многу внимателно да се испушта водата од езерото кај Струга. Тука сега ЕЛЕМ е на потег кој треба да го затвори...

Continue reading

nurkaci

Откриена нова тајна на езерото Матка

Post Views: 0 Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква. Остатоците од тврдата градба се наоѓаат на околу 1.500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска. – Во пределот кој при нашата прва експедиција го маркиравме кон почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде...

Continue reading

Од Хидробиолошки завод повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга

Post Views: 2 Од Хидробиолошки повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга. Веднаш да се намали испустот на реката Црн Дрим  кај Струга, го повикуваат Елем од Јавната научна Установа  Хидробилошки завод Охрид. Минатата недела упатиле официјално барање до Елем во кое укажуваат на последиците од намалувањето на водостојот во езерото.  Во моментов состојбата со нивото на водата во Охридското езеро е алармантна и загрижувачка, посочуваат од таму. Директорот  на установата, д-р Елизабета  Велјаноска Сарафилоска , вели драстично намаленото ниво на водата може да биде...

Continue reading

Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио

Post Views: 1 Министерството за култура за 2017 година ќе го поддржи театарскиот аматеризам. За работата на детското  младинско студио ќе има дел  од  4 милиони денари одобрени од ресорното министерство за работа  на Центарот за култура Григир Прличев и наросниот театар. Уписите  стартуваат од месец февруари.   „ Многу е голем интересот за детското младинско студио. Ние имаме три простории во галеријата кои се затополени и работат со млади луѓе. Практикуваме да работиме од февруари до јуни“, кажува Горан Стојаноски директор на Центарот за култура и Народен театар. Театарскиот аматеризам ...

Continue reading

dr. na agencija za mladi i sport

Стружани се подготвуваат за 40-тиот меѓународен ракометен турнир

Post Views: 15 Започнаа подготовките за 40 тиот меѓународен ракометен турнир, кој ќе се одржи ова лето во Струга. Поддршка за сортитите и спортските работници денеска пристигна и од првиот човек на агенцијата за млади и спорт, директорот Лазе Поповски. Тој е оптимист и вели дека ќе се направи се, со буџетот кој ќе го има турнирот да се направи многу повеќе отколку што некој очекува“. „ Буџетот на агенцијата за млади и спорт е донесен, помина во собраниска процедура. Во програмата се предвидени средства како и националните и меѓународни натпревари и наскоро ќе распишиме и конкурс...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top