Ветеринарни инспектори ја почна акцијата за уништување на живината во Мороишта

Ветеринарни инспектори ја почна акцијата за уништување на живината во Мороишта.

 |  Валентина Неловска  | 

Денеска започна уништувањето на 3000 птици  во Мороишта по појавата на птичји грип на семејни живинарски  фарми. Направен е попис на  105 селски  домаќинства  по што следува  уништување и  спалување на живината.

Жителите на Мороишта се вознемирени од присуството на ветеринарите и полицијата, но не и од болеста птичји грип.  
 – „Не било опасно по здравјето на луето па не сме многу загрижени. Институциите ќе ја завршат работата како што треба така да не сме многу загрижени“.
– „Имам живина некои 20 кокошки ,  ветеринарна требаше да направи некоа дезинфекција пред тоа . Незнам како да сме под опсада“.
– „Не било прв пат ова се јавувало и пред неколку години. Онака пцојсуваа незнаевме од што сега последниве години излезе тоа птији грип“.
– „Ја заклаа живината  ама гулабите птиците неможат да ги заколат“.

20  екипи , со 50 – тина  инспектори  од Агенцијата за храна и ветеринарство со специјални заштитни одела,  ја спроведуваа акцијата за спречување на ширењето на вирусот АХ5Н8. Прогласени се зони од 3 и 10 километри кои се под надзор. Инспекторите  земаат  мостри и секаде каде што ќе се утврди присуство на вирусот ќе се спроведат мерки  на  уништување на живината, информира  д-р Оливер Иваноски раководител  на Државната инспекција за здравствена  заштита на животните при Агенцијата  за храна и ветерина. Иваноски апелира  до сопствениците на живина за соработка.  
Изјава: Оливер Иваноски рак. на Држ. инспекција за здр. заш на животните при Аге за храна и ветерина
„Треба да соработуваат со органите на Агенцијата за храна и ветеринарство и целата живина што ја имаат да ја отстапат  бидејќи тоа е единствен начин да се справиме со оваа болест“, укажува д-р Оливер Иваноски Раководител на државна инспекција за здравствена заштита на животните  при АХВ.

Епидемилозите смируваат дека од птичјиот грип нема опасност по здравјето на луѓето, но упатуваат препорака до сите оние кои се во допир со живината.

„ Вклучува носење ракавици, чизми, заштитни очила и маски за лице. Редовно треба да ја носат заштитната  лична облека заради лична заштита. Вирусот не се пренесува на луѓето, но мора тоа да им е редовна пракса“, кажа Коровешоска.   
 
Селото Мороишта денес беше под  под силно полициско обезбедување. Полицијата  го контролираше движењето во   селото, а единствено жители на Мороишта можеше непречено да се движат.  Ветеринарните инспектори појаснуваат дека се врши надзор за вирусот да не се прошири  во соседните села. Жителите од Морошишта  ќе добијат  оштета  за уништената  живина.

Од Агенциајта за храна и ветеринарство Од денеска забрани  на сточните пазари да се продава живина. Фармерите не смеат да вршат купопродажба на кокошки, патки, гуски, гулаби и сите видови на птици поради птичјиот грип.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top