Танасовден го слават и Балканските Египќани

 

Верскиот празник Св. Атанасиј Велики покрај православните христијани го слават и Балканските Египќани. Овој светец се смета дека е еден од најпознатите светци во христијанската религија, а Господ Бог му предодредил тој да се бори против мразот и студот. Околу симболиката зошто овој светец го слават и припадниците на заедницата на Балканските Египќани, за ТВМ открива хроничарот м-р Димитар Смилески. Тој кажува дека египќаните Танасовден го слават два дена, 30 и 3ви јануари.

„Нивниот обичај се состои во тоа што тие за тој ден земаат еден петел го чуваат и го чекаат да пропее. Посла тоа тие го колат и прават гозба. За денот тие прават и три погачи и ги редат една над друга бидејќи се со различна големина и се палат свеќи и околу се врти со варена пченка и ориз и се благословува за здравје за фамилијата“.

Според едно предание кое го раскажа Смилески, интересно е да се каже зошто овој ден е посветен на ковачите, налбатите.

„Венера, од митологијата симбол на убавината се омажила за грд човек, ковач. Таа не го сакала ковачот и додека ковачот работел таа се забавувала со Богот Марс но за да не ги откријат богот Марс назначил едно момче кое се викало Петле да ги варди и да внимава да не огрее сонцето“

Нашиот сограѓанин Зилал Зероски потекнува од старо ковачко семејство. Тој во својот дом и покрај тоа што веќе не го работи овој занает сеуште за спомен ја чува наковалната, менгемето, чеканот, клештите, вели дека не сака да ги изгуби овие стари алатки од занаетот кој е во изумирање.

„Јас потекнувам од ковачко семејство од прадедо, дедо, татко и ние почнавме да го работиме тој занает. Ние египќаните претежно синовите и ќерките од ковачите го наследивме прославувањето на празникот Танасовден не го викаме. Денес не би рекол дека има ковачи можеби има уште 3 активни но не е како порано што имаше ковачи кои беа врвни мајстори“

Претседателот на здружението на Балкански Египќани, Аднан Ашимоски вели дека во минатото овој празник се славел многу посвечано во споредба со денес.

„Јас денес треба да одам на една таква свеченост за жал многу поретко е останата таа традиција бидејќи гледаме дека и самиот ковачки занает веќе полека изумира и луѓето поретко го слават“

Ашимоски смета дека оваа традиција не смее да се дозволи да изумре и затоа нивното здружение секоја година на овој ден ќе ги потсетува своите сограѓани на значењето на овој празник. Инаку нашите стари баби и дедовци велат дека после Танасовден излегуваме од зимата, и одиме кон лето, а денес денот е подолг за час и половина.

балканските, Египќани, слават, танасовден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top