Чистење на речното корито на „Сушица“

Општина Охрид започна со работни активности за чистење на речното корито на река „Сушица“ на улица „Прилепска“, на потегот од крстосницата со улица „Радојца Новичиќ“ до крстoсницата со улица „Будва“.

 |   | 

Општина Охрид започна со работни активности за чистење на речното корито на река „Сушица“ на улица „Прилепска“, на потегот од крстосницата со улица „Радојца Новичиќ“ до крстoсницата со улица „Будва“.

Со помош на механизација се врши чистење на дивата и обрасната вегетација и се прави ископ на натрупани наноси од земја.

Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, во делот за чистење и одржување на реки, речни корита и канали.

Според планираното, во текот на наредниот период, ќе се врши чистење и на останатите речни корита на територија на општината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top