Post Views: 15
Заменик министерот за Локална самоуправа Сашо Лазарески, денeс оствари работна посета во Струга. Тој беше запознаен со најновите настани кои се случија околу донесувањето на буџетот на општината за 2012 год. По се изгледа Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа ќе ја чешла постапката околу донесувањето на буџетот на општина Струга за 2012 година.После тоа ќе се знае дали овој акт кој предизвика големо внимание во јавноста, според укажувањата на членовите на партијата на власт, е или не, законски донесен, вели Лазарески од министерството за Локална...
Post Views: 1
Денес истече рокот кој Комисијата од Унеско и го даде на државата да достави извештај за статусот на заштитените добра и за чекорите преземени за спроведување на препораките кои оваа комисија ги достави до владата. Во јули мината година Комитетот од Унеско за светско наследство упати сериозни забелешки дека во Охридскиот регион се планирани големи инфраструктурни проекти како Ски-центар Галичица, патот А3, Железничкиот коридор VIII и автопатот А2. УНЕСКО смета дека овие проекти може да влијаат врз исклучителната универзална вредност на заштитеното добро. По препораките...
Post Views: 4
Забрната на пушењето во угостистелските објекти и на терасите е темата што последниве деновиве се актуелизира. Откако почнаа да се заградуваат терасите со церади, се земаше за слобода секој што е надвор да пуши, но засилените контроли за пушење во угостителстките објекти во изминативе денови од страна на државен пазарен инспекторат, по се изгледа ги исплашија угостителите, но предизвикаа и револт кај пушачите. Раководителот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалески вели дека забрането е пушење во угостителските објекти кои што не содржат дополнителна опрема, покриви...
Post Views: 0
Жителите од улицата „Партизанска“, „Димитар Влахов“, дел од „Туристичка“ кај трговскиот центар од „Гранит“ се жалат дека веќе речиси една недела од канализацијата се чувствува неподнослива миризба на нафта. Велат дека миризбата е толку интензивна што не се седи во домовите или во дуќаните кои се наоѓаат во овој дел од градот. Некои се жалат и на јаки главоболки поради јаката миризба. За ваквата појава биле известени надлежните во ЈП „Нискоградба“ како и Општинскиот инспекторат. Екипи од јавното претпријатие и комунален инспектор излегле на терен и после долго истражување...
Post Views: 3
Спречено насилно однесување на концерт. Со изведена тактичка вежба полициските сили демонстрираа како делуваат во слични ситуации. Вежбата беше изведена пред министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. При тоа, тој истакна дека во последните 10 години МВР успеало да изгради функционални полициски сили, кои се гаранција за високо ниво на безбедност на граѓаните. „Јас сум задоволен од тоа што го видов и ми дава гаранција дека имаме доволно капацитет за да обезбедиме јавен ред и мир на охриѓани и на туристите кои престојуваат во Охрид“, рече министерот Чавков.
„Сведоци...
Post Views: 0
Две засега непознати лица се сторители на казнено дело „измама“ извршено вчера на улицата „7 ноември“ во Охрид. Тука, околу 10 часот и 30 минути, двете лица на околу 55 годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него.
Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата нудејќи му во залог рачен часовник кој, според него вредел 4000 евра.
Верувајќи...
Post Views: 1
Имено, од сега во неколку земји Facebook не инсистира од корисниците кои сакаат да користат messenger истовремено да мораат да имаат профил на најголемата социјална мрежа во светот.На корисниците од сега ќе им се прикаже ново прозорче “Not On Facebook” со чија помош ќе може да се регистрираат корисниците само со својот број на телефон. Кога еднаш ќе се отвори сметка на Messenger, корисниците ќе можат да пребаруваат на Facebook, и да контактираат луѓе кои немаат нужно оставено број на телефон.Овој потег на Facebook е во борбата против СМС-ите, кои сеуште се држат, но...
Post Views: 7
„Аматерските политички истапи на ОО СДСМ Охрид директно делегирани од нивниот прес центар, се добро познати на охридската јавност. Веројатно во сегашниот политички момент добиле задача нивните пресови да ги поврзуваат со името на градоначалникот Никола Бакрачески на секоја можна тематика“, стои во соопштението на Општина Охрид.
Па така не би не зачудило кога би прочитале дека Градоначалникот е одговорен за климатските промени, количеството на атмосферските врнежи, топењето на снегот или пак за должината на сончевата инсолација. Се разбира, темите на нивните прес конференции...
Post Views: 4
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 ноќеска го потресе Валандово.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово го регистирала земјотресот.
Потресот се случил во 3,35 часот ноќеска во околината на Валандово. Засега нема информации за предизвикана штета.
{loadposition content9}
Post Views: 0
„Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро“, стои во соопштението на СДСМ од Охрид. „Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат.“ „Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата...
Post Views: 5
„Градски Гробишта“ се огласи во врска со неодамнешните обвинувања упатени кон ова јавно претпријатие од страна на погребалниот оператор Мирен Сон. Директорот Зоран Симоноски сите укажувања од Мирен Сон, категорично ги отфрли како невистинити и лажни. Тој вели дека немањето греење во капела според него не е проблем, бидејќи можеле да се стават грејни тела, но смета дека таквото барање е неиздржано бидејќи просторите таму биле постојано отворени. Додека пак околу забелешките, дека во просторијата каде се врши подготовка на покојните лица од муслиманска вероисповед не...
Post Views: 5
„Не знам, колку рационално се користи водата, од Проаква знаат подобро, ние имаме доволни количини на вода, и извори за користење, сеуште не се капирани сите извори кои се доволни за напојување на вода за 200.000 жители“ вели Мерко.
Дека ситуацијата со загубата на вода е сериозна, говорат и информациите дека количеството на водите од Беличките извори е намалено за три пати. Со туристичка сезона која е пред нас и најавената година на интензивни суши, останува да видиме, колку општините од ЈПР успешно ќе се справат со проблемот кој е пред нив.
{loadposition content9}