Post Views: 6
Синдикалците и работодавачите договорија исплата на регрес за годишен одмор или популарно познат како K-15 за работниците во стопанството.
Минималниот износ што работодавачите од наредната година ќе мораат да им го исплатат на над 300.000 работници од приватниот сектор ќе изнесува минимум 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.
Тоа би значело дека со просечна плата од околу 21.000 денари, минимумот што работодавачите би требало да го исплатат би изнесувал околу 8.400 денари или 137 евра.
Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата...
Post Views: 3
Охридските ракометари утре на домашен терен ќе ги одмерат силите со РК Пелистер од Битола. Овие два тима со пресметка „еден два“ на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го означат и почеток на мечевите од пролетната полусезона во Супер лигата. Утре ќе го дадеме својот максимум и со малку среќа и очекуваната поддршка од публиката се надевам на победа изјави капитенот на РК Охрид .
„Утре играме со првопласираната екипа во есенскиот дел, ние сме втори. Таму одигравме добар натпревар кој заврши нерешено, се надевам дека утре ќе биде добра утакмица“
„Гладијаторите“ во досегашните...
Post Views: 0
Младите музички таленти кои го негуваат македонскиот народен мелос и годинава ќе бидат дел од Фолклорна Бајка. Овој фестивал минатата година беше организаиран за прв пат и се карактеризира по тоа што е единствен од ваков вид во Македонија. Стефан Нестороски еден од организаторите вели дека задоволство е да се работи со деца кои одлично ги интерпретираат преработените аранжмани на познатите македонски рефрени од народната музика.
„Фолколорна Бајка“ е уникатен фестивал, минатата година зачудувачки ги плени интересите од сите медиуми, од децата посебно ние сме изненадени...
Post Views: 0
Запалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои.
Воодушевени од пречекот на своите сограѓани, ракометарите со став дека регионот е расадник на таленти, но дека на развојот на спортот мора уште многу да се работи.
Успехот на Европското првенство не е случаен, потребно е вложување на многу труд и многу одрекувања. Но, успесите на Македонската ракометна репрезентација нема тука да застанат, ветија од бината ракометарите.
Серијата...
Post Views: 7
Нова ветеринарна амбуланта во Охрид. На ул „Славеј Планина“ бр 12, во нови современи простории отпочна со работа „Вет Спирит“. Овој добро опремен простор со сите пропратни содржини ќе ги израдува сопствениците на милениците во Охрид. Ветеринарната амбуланта ќе се стреми да прерасне во една најпопуларна и најпрофесионална болница, вели Јане Атанасов, доктор по ветеринарна медицина.
„Опремена е со апаратура за испитување на крв, ехо дијагностика, копролошки прегледи, лабораторија, хируршки интервенции и Пет Шоп. Ќе имаме консултативни сесии, известувања, промоции, бесплатни...
Post Views: 3
Одржан првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид опен 2021“. Пливачката манифестација се одржа по пауза од една деценија. Пливачките вештини ги одмерија 18 клубови од земјава и регионот. Учествуваа над 200 пливачи во машка и женска категорија. Организатор на Пливачката манифестација е ПК „Акваспирит“ од Охрид. Претседателот на ПК “Аква спирит” Миле Јовановски напоменува дека се презадоволни од тоа како протекол настанот, но и од постигнатите резултати на охридските пливачи.
Локалните пливачи, за жал немаат услови за работење во текот на цела година, но правиме напори,...
Post Views: 2
Природните убавини на Охрид, културното богатство како и посебната гастрономска понуда повторно го освојуваат српскиот туристички пазар. Општина Охрид преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, успешно се престави на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем за туризам кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Во текот на четирите саемски денови претставниците на општина Охрид преку видео презентација и печатен материјал пред посетителите и претставниците...
Post Views: 2
Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески да ги разгледа случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и да предложи мерки, како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид. Ова барање го достави советникот Јоне Станкоски на денешната, 68ма седница на совет. Toj предложи како дополнителна точка на дневниот ред да се стави и точката за добивање информација за преземените активности од градоначалникот околу случувањата и проблемите со извршителите и финансиските проблеми на веслачкиот клуб „Југ“....
Post Views: 0
Пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Р.М. алармираат нивните здруженија. Во Македонија е неопходно усвојување на национална стратегија за ретки болести и изработка на специфичен Закон за ретки болести, со цел унапредување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата засегнати од ретка болест. Во моментот, единствен правен акт со кој се регулирани дел од аспектите што ги засегаат пациентите со ретки болести е Програмата за ретки болести. Охриѓани денес одбележувајќи го светскиот Ден на ретки болести покажаа дека настаните кои помагаат...
Post Views: 3
Истражувачите од Универзитетот Питсбург и Џон Хопкинс во соработка со истражувачите од Микрософт направиле нов вид на дрон кој фаќа комарци, со цел борба против ширење на епидемија.
Станува збор за дрон PP (Project Premonition) кој детектира комарци, а би можел и делотворно да се бори против епидемии, пред сѐ во непристапни подрачја.
Ловејќи ги комарците, дроновите на научниците би им помогнале да го разберат начинот на кои болестите се трансформираат во епидемии, да ги класифицираат болестите кои би можеле да се прошират локално, како и да спречат да дојде до тоа.
Истражувачите...
Post Views: 9
Јован Стојаноски, Науме Јованоски и Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски неофицијално, се имињата на кандидатите за охридски градоначалник од СДСМ.
Тие беа избрани од членството на вчерашните внатрепартиски избори. Резултатите од ова гласање според најавите треба да имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ.
Од охридската организација на СДСМ не сакаа да ги коментираат имињата на избраните кандидати. Вчерашните резултати...
Post Views: 2
Маглата и денеска е причина за намалена видливоста на повеќе патишта низ државата, како и за откажување и пренасочување на летовите од скопскиот аеродром.
Продолжува откажувањето на предвидените полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а дел се пренасочени на аеродромите во Охрид и во Софија.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Скопје и Петровец, а до 100 метри во Куманово, Кула, Демир Капија и Сарамзалино, информира Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно суви коловози....