Post Views: 9
Денешниот ден 8 ми март е добар повод мажите на понежниот пол да подарат цвеќе, децата да направат креативни честитки за мајките, да се посетат, бабите, вујните, стрините, тетките, со еден збор ден кога секоја жена заслужува внимание. Меѓународниот ден на жената се празнува на 8ми март. Тоа е и ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Но кај нас по повод овој ден традиционално се купува подарок за жената.
Првата дама на охридскиот градски Совет д-р Гордана Коњаноска, смета дека ако се погледа временски постигнат...
Post Views: 6
Лековите без рецепта, како што се аналгин и андол, освен во аптека да се продаваат во супермаркет и на бензиска станица – ова се дел од измените во законот за лекови и медицински помагала.
Така, според надлежните, лековите ќе бидат подостапни за граѓаните во руралните средини, а може да има и намалување на цените поради поголемата конкурентност.
-Следна крупна изведба која што ја предвидува овој закон е измената на секои две аптеки, на еден ланец на аптеки, задолжително мора да отвори една аптека во рурална област. Очекувам како резултат на оваа реформа да се...
Post Views: 1
Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали. Искршени се клупите во дворот, рипстолите и другите реквизити кои учениците ги користат за рекреација кога се на одмор или пак на часовите по физичко воспитување. Директорката вели дека проблем е што училишниот двор не е заштитен па несовесни граѓани во вечерните часови влегуваат и кршат и уништуваат.
Имаме покренато иницијатива за да ангажираме чуварска служба или да поставиме видео надзор. Ништо мора да преземиме бидејќи ова не е прв пат да ни се уништуваат реквизитите. Вршиме често поправки, но несовесни...
Post Views: 3
Летоци со политичка содржина биле расфрлени во охридската гимназија, а утрово во некои класови бил прочитан и политчки проглас. Ова се информации од родители и ученици од гимназијата а за ваквите случувања реагираше со сооопштение и општинската организација на СДСМ. За потврда на овие случувања во средношколската установа одговор побаравме од директорот Ѕвонко Трпески. Трпески во телефонски разговор ги негира наведените случувања. Кажа дека во зградата немало никакви летоци туку на влезот од училишната зграда било пронајдено залепено соопштение. Кажа и дека група матуранти...
Post Views: 4
Претставници на Европската Унија, на ОБСЕ и други меѓународни чинители во Македонија, бараат властите да ги расчистат последните инциденти во Струга, а виновниците да се изнесат пред лицето на правдата.
Од Канцеларијата на Европската Унија во Скопје во изјава за Радио Слободна Европа побараа властите да ги расчистат последните инциденти во Струга и да ги изнесат виновниците пред лицето на правдата. Оттаму, изјавиле дека добрите меѓуетнички односи се апсолутно неопходни во секоја држава, вклучувајќи јаи земјава, во духот на Охридскиот рамковен договор.
Како што објави...
Post Views: 2
Средношколците од Ванчо Питошески им приредија слатко изнендување на охридските пензионерки. Во просторите на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца дојдоа да им го честитаат 8 ми март Денот на Жената, а при тоа им донесоа подароци, рачно изработени цвеќиња и слатки приготвени во училишната кујна.
„Подготвивме и рачно изработивме цвеќе од украсна хартија и благи кои ги готвеа учениците од насоката слаткари и готвачи. Учествуваа ученици од целото училиште сите бевме вклучени во активностите. Ги изработивме со задоволство затоа што знаеме дека ова ќе предизвика...
Post Views: 5
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.К.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уништување на изборен материјал”.
Тој, на 31.10.2021 година околу 07.45 часот, на избирачко место лоцирано на улицата „4 Јули” во Кичево, откако претходно го остварил своето гласачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче. По добиениот одговор дека тоа е невозможно, пријавениот го искинал гласачкото ливче и го напуштил гласачкото место...
Post Views: 6
Женски Центар „Бисера“ и оваа година меѓународниот ден на жената 8 ми Март, го одбележа работно со организирање на изложба на сликарки од Охрид.
Изложбата се отвори на 7 Март во Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и ќе биде отворена до 13.8.1017.
Свеченоста со своја изведба ја збогатија ученици од Средно музичко училиште „Тодор Скалоски- Тетоец“ од Струга и танцова група од „Соната“ Охрид.
Оваа година е органиузирана дваесет и вотрата изложба по ред , со што беше одбележана и десетгодишната соработка со Организацијата на жени од Будва.
Post Views: 0
Македонскиот јазик се изучува на сите меридијани. Почнувајќи од Канада, преку Кина и Кореја па се`до Холандија, Русија и Турција.
Четириесеттина студенти, научни работници, универзитетски професори од 15 земји ширум три континенти деновиве во Охрид интензивно го учат македонскиот јазик и култура во рамките на традиционалната 54 та Меѓународна летна школа. Културната дипломатија е најдобрата стратегија во напорите на помалубројните народи за нивно етаблирање во меѓународната заедница, рече претседателот Пендаровски, кој најави отворање на нови славистички катедри.
Во...
Post Views: 2
Во петок (10 март) на репертоарот на Народен Театар Охрид е претставата „ИМПРОВОКАЦИЈА“.
Ова е трета “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.
Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе...
Post Views: 2
Скопскиот и охридскиот аеродром ќе добијат нови метеорадари по 20 години.
Напредните метеоролошки системи ќе обезбедуваат квалитетни информации за временските услови до екипажот во авионите, аеродромите и до другите корисници. Проектот го спроведува Македонска навигација и е вреден 750 илјади евра. Договорот за опремата беше потпишан во декември 2015 година.
Со проектот ќе се набават нови АВОС/АТИС/ВОЛМЕТ системи за аеродромот во Скопје и еден АВОС-систем за аеродромот во Охрид.
– Постојните системи беа инсталирани во1996 година, а се наоѓаат во оперативна употреба од...
Post Views: 0
Неизвесноста и денес ја тресе Грција која повеќе од 48 часа е во технички банкрот. И додека челниците на еврогрупата го чекаат исходот на неделниот референдум, претседателката на ММФ, Кристин Лагард, реформите ги поставува како услов за било каков понатамошен чекор.
Во Атина минатата вечер собир организираше Грчката комунистичка партија на која го израија незадоволството за мерките на штедење и не ја сакаат Грција во ЕУ. Тие повикуваа на референдумот да се отфрлат двата предлога.
Иако во Грција ситуацијата е навидум нормална и луѓето седат по кафулињата и рестораните,...