Нова метео опрема за македонските аеродроми

Скопскиот и охридскиот аеродром ќе добијат нови метеорадари по 20 години.

 |   | 

Скопскиот и охридскиот аеродром ќе добијат нови метеорадари по 20 години.

Напредните метеоролошки системи ќе обезбедуваат квалитетни информации за временските услови до екипажот во авионите, аеродромите и до другите корисници. Проектот го спроведува Македонска навигација и е вреден 750 илјади евра. Договорот за опремата беше потпишан во декември 2015 година.

Со проектот ќе се набават нови АВОС/АТИС/ВОЛМЕТ системи за аеродромот во Скопје и еден АВОС-систем за аеродромот во Охрид.

– Постојните системи беа инсталирани во1996 година, а се наоѓаат во оперативна употреба од 1997 година. Со новите системи ќе се добијат современи метеоролошки системи од понова генерација, како и одржување на нивото на постојано метеорлошко обезбедување на воздушниот сообраќај, велат од Управниот одбор на „Македонска навигација“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top