• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Средношколците од „Ванчо Питошески“ им го честитаа 8-ми март на жените пензионерки Охрид и Дебрца

Средношколците од „Ванчо Питошески“ им го честитаа 8-ми март на жените пензионерки Охрид и Дебрца

Средношколците  од  „ Ванчо Питошески“ им го честитаа  8 ми март на   жените  пензионерки Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Средношколците од Ванчо Питошески им приредија слатко изнендување на охридските пензионерки. Во просторите на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца дојдоа да им го честитаат 8 ми март Денот на Жената, а при тоа им донесоа подароци, рачно изработени цвеќиња и слатки приготвени во училишната кујна.

„Подготвивме и рачно изработивме цвеќе од украсна хартија и благи кои ги готвеа учениците од насоката слаткари и готвачи. Учествуваа ученици од целото училиште сите бевме вклучени во активностите. Ги изработивме со задоволство затоа што знаеме дека ова ќе предизвика насмевка на нивните лица“, кажа Дајана Силјаноска ученичка од трета година.

Со најголема радост ги примивме средношколците и професорите од угостителското училиште Ванчо Питошески кои пријатно не изненадија, кажа од името на активот на жените пензионерки Ружа Балева. Балева при тоа кажа дека денес статусот на жената во општетсвото е многу променет. Жената ги има сите права во однос на мажите, но дека треба постојано да се бори за да ги унапредува.

„ Жената денес се бори, се борела и се изборила. Денес таа е најактивна од секогаш во смисла на резултатите кои ги ма постигнато дома, надвор, во работните средини, а како што сме ние во активот на жените во здружението на пензионери. Многу ствараме, се дружиме , организираме предавања од сите области,“ напоменува Балева.

И во третото доба твориме и одиме напред благодарение на младите кои ни даваат поддршка, вели Балева. Во рамките на активот на жени пензионерки членуваат над 200 охриѓанки од Здружението на Охрид и Дебрца. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top