Post Views: 2
Платите на обвинителите, обвинителските службеници, судиите ќе се зголемат, но не и на судската служба. Заради нееднаквиот третман на извршната и судската власт кон судските службеници како и неопходноста од измена на Законот за судска служба, од Здружението на судска администрација на Р Македонија најавуваат радикални мерки доколку и тие не ги добијат своите побарувања за кои и минатата година беа организирани штрајкови. Претседателот здружението, Борче Мирчески истакна дека и овој пат ќе се обидат да преговараат со судскиот буџетски Совет, со претседателот на Врховен...
Post Views: 9
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната Нова година која почнува утре на Василица.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Во некои краеви на...
Post Views: 2
Деца правобранители ги заштитуваат правата на нивните соученици. Овој проект поддржан од Младински совет од Охрид се спроведува веќе седум години, а во него е вклучено средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Братство единство“.
Имаме исклучително добра соработка со училиштето и многу е значајно што улогата на детето правобранител во ова средно училиште започнува да се препознава уште посилно и не застануваме тука до крајот на годината ќе имаме уште повеќе активности, вели Весна Цветаноска, локален координатор на проектот за имплементација на конвенцијата...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (38) од Охрид. Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место.
На 25-ти минатиот месец, пријавениот А.И. по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните...
Post Views: 23
Се` од почеток. Застапникот на обвинението Никола Неделкоски, предложи измена на обвинителниот акт, кој се води против засега единствено обвинетите за случајот „Пливалиште“ Струга, Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце. Според измените, Неделкоски побара секој за себе да одговара пред законот за стореното кривично дело. За Ставре Џиков, бранителот на обвинетиот Цвете Вранишкоски, оваа измена е важна околност посебно за бранителите, бидејќи тое е прецизирање на обвинението и сега обвинетите нема да се теретат како соучесници, туку секој ќе сноси поединеча...
Post Views: 6
Денес во Охрид ќе биде одржана обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори.
Обуката, наменета за претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници од единиците на Локалната самоуправа, доаѓа по неодамнешната препорака на Владата на Република Македонија до сите единици на локалната самоуправа, да формираат работни групи на локално ниво што ќе бидат задолжени за следење, мерење, обработка и доставување на податоците во врска со индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот. Републичкиот совет...
Post Views: 0
Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи новите третмани за лекување на болеста. Докторите вложуваат напори за да се справат со големиот наплив на пациенти, а професионалните медиуми ги пренесуваат официјалните информации на надлежните и одговорни институции.
Објава на Фејсбук шири...
Post Views: 9
Во охридската чаршија заживува филигранскиот занает. Долго време недостасуваше некој да почне да се занимава со изработка на филигран, напоменува Сашо Богоески претседател на охридската занаетчиска комора. Станува збор за две девојки и едно момче помлади од 30 години, кажува Богоески.
„ Досега имавме двајца регистрирани филигранисти, а сега имаме плус 3 и многу значи. Спецификата на изработката на накитот и самиот занает дава добар напредок во занаетчиството. Со години наназад се регистрираа бербери, фризери, козметичари. Овие дејности филигранството и резбата на бакар...
Post Views: 7
Натпросечните високи температури и сушниот период негативно влијаат врз родот на земјоделските култури во охридскиот регион. Агрономот Мирослав Трајчески вели посебно се на удар културите кои успеваат на умерена температура и се во периодот на зреење.
Може да се очекува одредени намалувања во приносите кај некои култури. Се очекува намалување во квалитетот кај градинарските култури кои се одгледуваат на отворено. Настануваат штети од сончевиот припор на плодот – објаснува Трајчески.
За да се избегнат негативните последици од високите температури и суша земјоделците...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(26) ОД Охрид.
Пријавената, на петти јануари оваа година, во Отсекот за управни работи при СВР Охрид, во управна постапка дала лажен писмен исказ дека пред околу една година, ја загубила својата возачка дозвола.
Тоа го направила иако знаела дека возачката дозвола како јавна исправа, претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола.
Врз основа на овој писмен исказ даден во управна...
Post Views: 0
Делегација од ОУ „Григор Прличев“ гостуваше на меѓународната средба за соработка на неколку училишта која се одржа во Марибор, Словенија. Делегацијата ја предводеше директорката на училиштето Силвија Мојсовска. Средбата во Марибор беше од исклучително значење за нас, вели Мојсовска. Таа нагласи дека имале можност меѓусебно да се запознаат со начинот на работа и образованието во Македонија, Србија и Словенија. Присуствувале на дел од часовите во ОУ „Песница“ а посебен впечаток на нашите претставнци им оставил тоа што учениците во последните минути од часот имале можност...
Post Views: 0
Многу ресторани во Грција во овие моменти преферираат плаќање во кеш наместо со кредитни картички, а тоа е резултат од одлуката на грчката влада да ги затвори банките за да ги заштити од можни масовни повлекувања на пари.
На еден турист од Јапонија и неговиот пријател по вечерата во еден ресторан во Атина му било побарано да плати во кеш, а келнерот им објаснил дека причина за тоа се затворените банки.
“Ќе биде проблематично доколку ги прифаќаме кредитните или дебитните картички како облик на плаќање бидејќи потоа не можеме да повлечеме пари од банка”, им рекол тој и...